Најчести проблеми кои ги решаваме кај нашите клиенти
Ако сте сопственик или директор на бизнис сигурно знаете како е секојдневно да се борите со голем број маркетиншки но и комерцијални и организациски прашања во вашата компанија. Или пак, успевате да се изборите, но свесни сте дека можело да биде многу подобро. Никогаш немате време за ситните финеси и мали проекти кои ја прават разликата помеѓу успешните и неуспешните. Едноставно, знаете дека можете да бидете најдобри но никогаш нема доволно време, пари или луѓе да го поддржат тоа. Вашите проблеми се неколку
- Екпертиза- Недовлно експертско знаење во рамките на компанијата за специфични прашања особено од маркетингот . Често пати компаниите имаат проблем да ги постават вистинските критериуми за мерење на успехот (КПИ) и вистинскиот пат да се стигне до посакуваните цели. Постојат толку многу техники, инструменти и алатки како и експертско знаење, искуство и тактики ,што е невозможно некој кој е специјализиран во друга област на работење да ги поседува за да дојде задоволитените резултати.
- Тимот со кој работите. Логично е секоја компнија кога има ваков проблем да помисли да ангажира агенција. Изборот се прави врз база на името, големината и успехот на агенциите. Но дали секогаш во агенцијата која на пример брои 50-на вработени сите работат за вас? Тоа никогаш не се случува. Најчесто ви доделуваат неколку членови на тимот кои исто така немаат доволно знаење од вашата област и никогаш не ги добивате првите луѓе кои се референца на агенцијата за вас.
- Резултати и извештаи- Се што ќе се направи треба и да се измери и да донесе резултати. Пред се треба да се постават реални и изводливи цели кои потоа ќе донесат видливи подобрувања во работата.
МЕТОДОЛОГИИ Меѓународно востановени и техники за комерцијални и промотивни активности
ФОРМА НА СОРАБОТКА
Засновано на договор според специфичните барања нa компанијата
РЕФЕРЕНЦИ И КОМПЕТЕНЦИИ
Радмила Павловска – магистер по меѓународен маркетинг со практично знаење и искуство од повеќе од 20 години во полето на маркетингот, ПР-от и комерцијата. Комплетното CV може да се види на LinkedIn (https://www.linkedin.com/in/radmila-pavlovska- )
ПАРТНЕРИ ЗА СТРАТЕШКИ НАСТАП КОН КЛИЕНТИ
- ИнПут Доо Скопје- личен финансиски советник и пристап кон фондови ,Сашка Костовска Длака
- Д2ЕМ Консалтинг дооел – Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант, in-house consulting, coaching & training.