Bar CODE br.8
Летните теми во македонските медиуми отсекогаш ми биле многу гротескни. Толку се предвидливи, и банално репетитивни, полни со низа безвредни совети, илустрирани со несреќно уловени пози на таканаречените капачи на Охридското езеро. Посебна приказна се советите за во лето, од носење лесна облека до пиење повеќе течности. Дајте ќе ве молам.
Во овој број на Бар код, Охрид ќе го завршиме уште во воведникот, со констатацијата дека ова лето сите купија рендиња, ама пустите, сега имаат друга мака бидејќи нема каде да купат лајм (лимет). За сите нив совет- од време на време има во Тинексот во центар.
За сите други летни конзументи на ова пионерско четиво кое се обидува да ја зголеми критичната маса на угостителски свесните граѓани на оваа земја, ќе понудиме теми кои ќе ве натераат пошироко да ги размислувате состојбите во нашето угостителство и светските трендови кон кои се стремиме.
За атер на модерноста имаме две анализи на тема тренди, но и скапа храна, коктели со кафе и со вино, модерни хотели, флер бартендинг, летни трендови во облекувањето, актуелни настани и редовни рубрики за гастрономија и филм и слоу фуд. Се разбира имаме и угостителски крстозбор- за на плажа! А за после плажа и во септември..секирајте се за растечките цени на храната но и радувајте се за успехот на нашите винари надвор од границите на нашата земја.
Речиси сите автори во овој број, во своите текстови имаат, повеќе отколку порано, вметнато крик за подобрување на работите кај нас. Она што повеќето од нас го чувствуваме како недостаток на нашите ресторани и кафулиња, уште еднаш во овој број, зрачи, речиси од сите текстови, дури и од кафеанскиот муабет со Кирил Џајковски кој на сосема мек и позитивен начин го кажува истото и покажува дека слободно може да биде дел од нашиот тим.
Значи- носете лесна облека и пијте повеќе течности!
- НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ
- Bar CODE br.7
- Flair Stars
- Гастрономскиот исток и неговото влијание на современите кујни
- КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Yahoo MyWeb
Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот