Почетна | Изданија | Bar CODE Br. 9
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

Bar CODE Br. 9

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image BAR CODE 9

Изминатиот период го обележаа неколку убави иниција-тиви и настани значајни за нашето угостителство, но и масовно затворање на некои од најубавите угостител-ски објекти од страна на пазарната инспекција.

Без намера да навлегуваме во оправданоста на оваа по-стапка, само ќе искоментираме, дека би ценеле кога во сето тоа би имало малку поголема праведност. Од она што го имаме како информација од објектите со кои соработуваме, добиваме впечаток дека се уште функционираат објектите кои без грижа на совест, во сред бел ден набавуваат шверцувани алкохолни пијалоци и безобразно го надминуваат работното време, до-дека некои други објекти се под лупа на инспекторите речиси секојдневно и за најмали детали. Во секој случај, иако се согласуваме дека примената на законот е најздравиот начин за постигнување ред дури и во некои други сфери кои не се опфатени со законот, а кои се многу важни во угостителството, како што се квалитетна понуда и услуга врз основа на здравата конкуренција на пазарот, сепак апелираме до надлежните ин-ституции за еднаков третман на сите угостителски објекти.

Но да се вратиме на убавите иницијативи. Градот Скопје и агенцијата за мистери шопинг СВОТ од Скопје, ја започнаа акцијата за оценување на 50 ресторани и гостилници во Скопје, со што веруваме ќе започне процесот на мотивација за подобро работење, но и толку посакуваната сегментација и категориза-ција на угостителските објекти. Понатаму, се случи Пиволенд , со што се покажа дека и кај нас има капацитет, енергија и знаење за организација на настани кои не се директно поврза-ни со угостителството, но го комплетираат мозаикот на едно културно урбано милје, чија основа е токму угостителството. Во изминатиот период се отворија неколку нови ресторани и кафулиња, меѓу кои посебно не радуваат арапскиот ресторан во ГТЦ и ресторанот Дивино како нов концепт на овие просто-ри. Тиквеш направи промоција на новата Александрија Куве, a членовите на Здружението на бармени на Македонија го потвр-дија своето присуство на 54 светско првенство за подготовка на коктели и флер бартендинг во Сан Хуан, Порто Рико.

Во овој број, покрај текстови за горенаведените случувања и рубриките кои редовно ги читате, ќе најдете и текстови поврза-ни со новите правила на бон тон кои ги бара модерното време, интервју со Тони Браун, човекот кој има неодолива желба да го пробие македонското вино во Лондон, совети како да оцените добро еспресо, кој е најдобриот флер бармен и други корисни и забавни текстови поврзани со нашето социјално живеење.

Кликни за симнување на Bar CODE бр.9

Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: