Почетна | Почетна | Flair Stars
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

Flair Stars

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Роден во Буенос Аирес на 25 Фебруари 1977, Кристиан Делпеш никогаш не сонуваше дека ќе стане еден од најпознатите и најуспешните Флер Бартендери. Всушност тој како тинејџер беше заинтересиран за маркетинг и реклами. Но во 1995, додека работеше во барот на својот пријател, го виде филмот Коктел во кој Том Круз и Брајан Браун имаа улога на бармени кои стигнуваат до врвот на Њујорк вртејќи шишиња и шејкери (за коинциденција и ликот кој го игра Том Круз во филмот има интерес за маркетинг).

Филмот го инспирираше Кристиан толку многу за да ги заборави сите други опции за кариера, но за жал во тоа време во Аргентина не постоеше флер бартендинг и тој мораше да ги учи потезите од филмот.
“Почнав да ги вежбам истите потези и комбинации од филмот. Но тоа беше премногу кратко, знаете. Па затоа почнав да измислувам свои потези” –вели тој.
Со само двајца - тројца флер бармени во Буенос Аирес, тоа беше единствен избор. Тоа и да одите и да ги гледате потезите на другите двајца. Во меѓувреме почнува да учи и магични трикови, нешто што подоцна многу ќе му помогне.
„Магијата ми помогна” вели Кристиан денес „Чистината, движењето на рацете, да ги направите нештата да изгледаат лесно”.
Посветен на флер бартендингот, Кристиан сфаќа дека за да успее во кариерата и да ја усоврши својата уметност мора да оди надвор. Така, во 1998 со 400 долари во џеб се сели во Шпанија.
„Немав ништо. Почнав од нула” се сеќава. “Но секогаш верував во Флер и дека можеш да направиш професија од тоа и да ги забавуваш луѓето”.
Прво живеше на Тенерифе на Канарските острови, а подоцна се префрли на Ибица, Европскиот глвен град за забава. Таму правеше магични трикови од маса на маса во сите барови и ресторани. Но дури и таму, со ноќни клубови отворени 24 часа имаше потешкотија да најде други флер бармени со кои може да разговара и научи нешто. И многу од неговите гости не го разбираа кога сакаше да ја поврзе визуелната забава со сервисот на пијалоци, тие само сакале типот позади барот да престане да се “покажува” и само да им го послужи пијалокот.
Ова траеше се додека Кристиан не отиде на одмор во Мајами каде ја откри Интернационалната Флер Заедница, каде што слушна за натпреварот Љуест фор тхе Бест Бартендер ин тхе Њорлд од свои пријатели од Аргентина. Тоа беше 1999 и натпреварот беше 9 години стар.”Си помислив: уау. Значи има светско првенство! Има луѓе кои се натпреваруваат” Постоењето на натпревари беше многу важно вели Кристиан бидејки му зададе цел да се фокусира и да успее. Беше предоцна за Кристиан да се пријави таа година но беше доволно за него да почне да истражува и вежба со голем ентузијазам и енергија. Една година подоцна беше спремен и се пријави на првиот професионален натпревар Тхе Роадхоусе Њорлд Флаир во Лондон. Но не успеа, загуби.
Без разочарување, се враќа назад во Флорида, во Орландо и се пријавува на  Љуест. Конечно годините на посветеност на Кристиан му се исплаќаат и победува во аматерската полу-професионална дисцплина. Тој освои награда од 3000 долари, кои веднаш ги искористи за патни трошоци и такси за пријавување на други натпревари, сакаше да биде виден и да стекне уште искуство.
Една година подоцна можевте да го најдете Кристиан како работи во ТГИ Фридаѕс во Канкун, ланец на ресторани кои го измислија светското натпреварување во флер бартендинг во 1987. Од таму доби покана да се натпреварува на Легендс оф Бартендинг Њорлд Бартендер Цхампионсхипс во Лас Вегас, ораганизиран од светскиот шампион во флер бартендинг Кен Хал. Кристиан зема слободни денови и се упати кон Вегас.
Натпреварот се сведе на тесна борба помеѓу Кристиан и друг, многу поискусен бармен. Другиот бармен водеше во поени во три рунди: брзина, работен флер и прцизно сипување. Но во последната флер рунда Кристиан изби напред и си отиде со шампионската титула.
“Мислам дека беше срцето, страста и одлучноста што секогаш ги имам, кои ми помогнаа да победам”- вели Кристиан. Течноста на комбинациите, комбинирајќи ги стилот со грациозноста, ќе станат негов белег. “Фала на Магијата” – додава.
Излишно е да се зборува, тоа беше почетна победа која Кристиан ја искористи, учествувајки на наредните четири главни натпревари и победувајки три пати, вклучувајки го и Роадхоусе (големото финале). Истата година веднаш по натпреварот во Вегас, Кристиан слушна за флер индустријата во градот на гревовите: тхе Воодоо Лоунге во Рио Хотел & Цасино на Царнавал Цоурт.. Отворено собиралиште помеѓу Харрах'с и Империал Палаце. Тој знаеше за овие барови но сега отиде таму за да ги посети и беше воодушевен од убавината на вистински  “Флаир Бар.
И слушна за нов флер бар кој се отвара во Цаесарс Палаце наречен “Схадоњ Бар”.
Враќајки се во Вегас еден месец одкако се вработи во “Схадоњ Бар” Кристиан имаше повеќе можности да го усовршува својот занает и да гледа од околината. Тој беше таму уште една година кога ја освои и втората титула Легендс, кога Царнавал Цоурт почнаа да го бараат.
“Ја сакав атмосферата таму повеќе (во Царнавал Цоурт)” - објаснува Кристиан. Тоа е поинаков стил на бар. Тоа е повеќе бар за забава и морав да научам да бидам побрз. Многу ми помогна за брзината и за мојот севкупен настап. Покрај тоа Царнавал се смета за најдобар Флер Бар во светот.
 Денес тој има 17 први места на светските првенства и преку 50 први места на други натпревари. Кристиан се уште може да се најде позади бар во Царнавал Цоурт.
 „Тоа е најдолгата работа што сум ја имал” вели „и се уште уживам во неа секој ден, Доктори и адвокати доаѓаат секој ден и ми велат Ти имаш прекрасна работа!”
 Тој работи четири дена неделно, а остатокот од времето го поминува со жена му и детето, и учествува на специјални настани како судија на флер натпревари, работејки демонстрации, семинари, обука на персонал насекаде низ светот, тренира за натпревари и на забави на познати личности како што се Блацк Еѕед Пеас.
Успехот на Кристиан се должи на одлучноста и фокусирањето, и вежбањето во секоја прилика која му се нуди. Денес работите се многу полесни за бармените кои почнуваат со оваа работа - вели тој.”Денес барменот може да научи за два месеца толку колку што јас научив за пет години” – благодарејки на распространетоста на флер бартендингот во светот. Но сепак мора да инвестираат време и енергија во вежбање. Ако го сторат тоа наградите се бескрајни.
Размислувајки за својата кариера, Кристиан се сеќава кога престојувал во хотел во Лос Цабос (работејки на приватна забава), на календарот покрај креветот стоела една изрека:”Најди работа која ја сакаш и никогаш не ќе мораш да работиш повторно”.
 
Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (4 Пратено):

mik на 24 November, 2008 05:15:31
avatar
Bravo za kristijan za negoviot uspeh bas interesno kako si ja sozdal karierata sekoja ces
Ненад на 31 August, 2009 09:24:42
avatar
Најдобриот Флертинг маестро!!!!
dalibor на 21 April, 2010 07:36:04
avatar
jas bev vo prvata generacija bartenderi od makedonija sega sum na florida, ne se zanimavam so kokteli i flair ama dosta sum dobar, koj e websitot na ova novoto skolo so dare go vodi sea, sakam da se cujam so niv tie mi se drugarcinja site, pozdrav pa pisete mi na mail ili kontaktirajte me preku mojot site pozdrav
Radmila на 21 April, 2010 01:50:55
avatar
Dalibor, im go preprativ ova na Dare i Filip. Inaku adresata e www.barevolution.mk

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: