Почетна | Изданија | BarCode Br.13
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

BarCode Br.13

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Овој месец Бар Код ја слави својата две- годишнина од постоењето. Сега сме уште повеќе убедени дека правиме добри работи. Им благодариме на сите кои заедно со нас, ентузијастично го подигаат нивото на угостителството во нашата земја. Исто така им благодариме и на сите

читатели и соработници кои не поддржуваат.

Во рамките на горенаведеното е и темата на овој број на Бар Код - настаните и иницијативите во областа на угостителството кај нас. На наше големо задоволство, спрегата помеѓу производителите на пијалоци, кафе и други услуги поврзани со угостителските објекти и конзументите, почнува да функционира и на нивото на едукација и усовршување.

Вториот национален натпревар за бармени, првата еспресо конференција, Вигор купот на бармени и настапот на нашите винари на винскиот саем во Лондон се доказ за тоа. Врвниот квалитет и поставеност на свеста на винаријата Камник, хотелот Радика и Егзотик плажата во Преспа, секој на свој начин исто така. Не, не ги гледаме овие настани и објекти само како дел од низата вести кои и се случуваат на Македонија.

Во нив препознаваме иницијатива, ентузијазам и конечно- начин на размислување што од нас го бара неумоливиот модерен свет кој, посебно во последните години, ита со светлосни миљи напред, на полето на угостителството. Што побрзо го препознаеме тој тренд, што повеќе луѓе од кај нас соберат храброст и јавнат на тој бран, толку побрзо угостителството ќе стане гранка во нашата економија и светска промоција на која ќе се гордееме.

Во останатите стандардни рубрики откриваме зошто меѓу другото излегуваме, како да се освежиме со летни коктели и летни кафиња, кои се трендовите за служење на коктел храната, што не смее да се згреши пред отворањето на угостителски објект, какви кафеански муабети води Рисима и малку забава...сепак е лето...
На крајот, завршуваме со убави работи- на нашите соработници Филип и Дејан им честитаме принова

Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: