Barcode br.15
Драги читатели,Ако до сега сте се прашувале што е тоа тандори масала или самоса, ова е бројот во кој ќе го научите тоа, но и се останато околу индиската кујна. Ако до сега сте се прашувале,
зошто француската кујна со години и векови е водечка светска кујна на која сите и се поклонуваат, овој број ќе ви го донесе одговорот.Ќе ги добиете основните информации околу
фундаменталните поими поврзани со неа, но и информација за возбудливиот момент на пресврт во кој таа се наоѓа.
За оние кои имаат услови и желба за организирање домашни забави, направивме мал водич со идеи за начините на организирање на домашни журки. Ги вклучивме и трошоците за истите и стапиците кои демнат за да ја расипат забавата.
Веќе подолго време, имам огромна желба да ги реафирмирам домашните забави како начин на урбано и практично социјално живеење. Не од аспект на тоа дека ве одвраќам од излегување во угостителските објекти, туку токму за да се збогати културата на излегување, со што би се добил квалитет повеќе и при регуларните излегувања во кафе баровите и рестораните.
Угостителите, уште еднаш ги потсетуваме на важноста на систематизацијата во угостителските објекти и дефинирањето на работните позиции во одреден локал.За љубопитните го подготвивме вториот дел од написот за историјата на коктелите, ја подготвиме азбуката на кафето, освртот на машкиот стил преку едни од најинтересните мажи во овој дел од светот...
Во рубриката Мис келнерка и Мистер шанкер,за прв пат имаме луѓе кои не се од Скопје и таа идеја толку ни се допаѓа, што ветуваме дека ќе ја продолжиме.Изминатиот период беше богат и со настани и случувања, за што се трудевме соодветно да се инфромираме. Понатаму следуваат стандардните рубрики, но и неколку размислувања околу задржување на лојалноста кон брендовите.
Се на се, изгледа дека после возбудливото, долгот и променливо лето, се враќаме на рутинираното угостителско секојдневие, во очекување на следниотдинамичен период пред големите празници.
Кликни за симнување на Bar CODE бр.15![]()
- НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ
- Bar CODE br.7
- Flair Stars
- Гастрономскиот исток и неговото влијание на современите кујни
- КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Yahoo MyWeb
Коментари (1 Пратено):
Прати го коментарот