Почетна | Списание | Најатрактивните светски градови за возбудлив ноќен живот
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

Најатрактивните светски градови за возбудлив ноќен живот

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Lonely Planet (www.lonelyplanet.com) е најголемиот туристички водич и дигитален медиум во светот.Меѓу другите препораки кои ги дава и со тоа ја креира целокупната

 глобална туристичка мапа, неодамна Lonely Planet ја објави и својата најнова листа на градовите со највозбудлив ноќен живот.  Добрата вест за нас е што два, па дури за некои и три од овие десет градови се на неколку часа од нас.

Со тоа ја имаме можноста да бидеме во жижата на светските трендови во поглед на забавата. Лошата вест е сепак таа, што едно време и Скопје важеше за интересна дестинација за ноќна забава, барем за луѓето од поширокиот регион. До моментот додека се квалификуваме повторно да влеземе во играта, подолу се дестинациите каде што можете да се журкате и истовремено да бидете во тек со светските трендови

Белград, Србија
Долгите години на репресија и лошо расположение поминаа, и сега и странците го увидуваат она што луѓето од овој регион одамна го знаеле- Belgrade Rocks!  Со широк дијапазон на избор на забава, од интелектуални и уметнички настани, до суров турбо фолк распореден по сплавовите и ноќните клубови, Белград повторно заживува.

Монтреал, Канада
Билингвалниот Монтреал има шарм на град каде што луѓето се опуштени и релаксирани. Ова претежно се должи на големиот број на студенти и на постоењето на стариот дел од градот кој диктира боемски начин на живот.  Странците, овој град  го откриваат преку доброто пиво, одличните џез клубови, дискотеки и фестивали  но и преку можноста да по напорното излегување одат на скијање во околината на Монтреал.

Буенос Аирес, Аргентина
Логично е овој град да нуди основа за добра и незаборавна забава. Има единствена мешавина на Европска и Јужноамериканска култура и природна страст за танцување вродена кај неговите жители. Во него има се- од Ирски пабови до локални фолк кафеани и се разбира, инстант курсеви по танцување во некои од угостителските објекти.

Дубаи, ОАЕ
За оние кои можат да си го дозволат овој град, забавата која ќе ја искусат во него ќе биде доживотно искуство. Нивото на луксуз и сјај олицетворен во ентериерите и формите на забава се како од друга планета. Забавата се одвива во клубовите и дискотеките, но и во хотелите и јахтите. И сето тоа со неодоливиот мирис на мистичниот Ориент.

Солун, Грција
Вториот по големина грчки град во изминатите години се профилираше како моден и стилски центар. Вродената желба на Грците за активен и интензивен живот, вклучително и ноќниот, резултираше со масовно отворање на квалитетни угостителски објекти. Солун нуди широк спектар на различни начини на забава, почнувајќи од традиционалните Бузукја места до најмодерни дискотеки со хаус музика. Не можете да не останете будни во Солун ако тоа не го сакате.

Ла Паз, Боливија
Шармот на Ла Паз лежи во пријателски настроеното локално население. Во мноштвото на места забава, лесно се наоѓа она што на посетителите им е потребно. Единствен проблем е што на надморска висина од 3000 метри, алкохолот многу полесно ја заматува свеста и побрзо делува. Решението се наоѓа на пазарот за тревки и зачини во Ла Паз, каде што утрото после, може да се набават традиционалните лекови за главоболка и мамурлак.

Кејп Таун, Јужна Африка
Оваа година за Кејп Таун е само загревање за лудата забава која во 2010 година ќе донесе мноштво од странци кои ќе дојдат на Светскиот Куп. Забавата започнува уште преку ден на некоја од плажите и продолжува со коктел вечери на месечина и многу танцување. За оние кои сакаат полуксузна забава, на два часа на исток, на Индискиот Океан  се наоѓа плажата во заливот Мосел, а за оние поромантичните на располагање им стојат се попознатите јужноафрикански вина.

Баку, Азербејџан
Како центар на Каспискиот дел од светот, Баку забрзано се тансформира од 1990 година наваму, не само економски, туку и во поглед на забавата. Мноштвото богати странци кои се таму поради нафтата и другите енергетски извори бараат и забава која напати преминува и во екстравагантна и претерана експресија на богатството.  
 
Оукленд, Нов Зеланд
Несомнено, главен адут на ова далечно место е забавата која трае дваесет и четири часа во денот. Од малите кафулиња до големите дискотеки, овој град нуди 100% забава за секој странец кој ќе го посети

Тел Авив, Израел
Како и секаде на Медитеранот забавата во Израел започнува во доцните вечерни часови. Совршено уредени места за забава, привлекуваат странци кои се таму дојдени по работа или одмор, но уште повеќе, во последно време, геј популација која ја пронајде својата нова дестинација каде може да се забавува непречено цела ноќ.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: