Почетна | Списание | Историја на коктелите 3 дел
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

Историја на коктелите 3 дел

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Додека виенскиот тип на кафетерии стануваа популарни во Европа, од другата страна на Атлантикот таверната конечно стана Бар.Барот е директен наследник

на Салунот - термин кој како таков се користел на почетокот на 19 ти век да ја дефинира просторијата резервирана исклучиво за пиење, која била одделена од салата за ручање. Во тоа време зборот бар означувал дел од мебелот на кој се подготвувале пијалоците - со други зборови, пулт (работна маса), кој често имала луѓе кои стоеле или се движеле пред неговиот преден дел. Кон крајот на 19 ти век терминот салун полека му го отстапува местото на терминот бар како место на кое се послужува пијалок.

Пронаоѓањето на машините за мраз

На средината на 19 ти век уште една новост се појавува во Европа: машина која прави мраз, која имала значајна улога во Историјата на Коктелите. Истовремено, во 1834 во  Лондон од страна на Американецот Јакоб Перкинс (1766-1849)  била измислена машина која истовремено се користела и како ладилник, Таа го чувала мразот кој се носел од планините од топење подолг период. Нова машина која користела амонијак била усовршена во 1859 година од французинот Фердинанд Каре(1824-1900) и со неа за прв пат било возможно производство на мраз во големи количини.

Првите прирачници за коктели

После горенаведените пронајдоци биле исполнети сите услови за успешно подготвување на мешаните пијалоци. Од многуте бармени кои ја практикувале оваа уметност, еден бил предодреден да стане познат. Неговото име е Џеремаја П. Томас, познат како Џери Томас. Тој во 1862 година во Њујорк ја издал првата книга за коктели и мешани пијалоци под името инспирирано од француски The Bon Vivant’s Companion или How to Mix Drinks.

Тој објавил 236 рецептури за коктели кои биле популарни во тоа време. Прирачникот за производство на алкохолни пијалоци, ликери и сирупи напишан од Кристијан Шулц, исто така бил вметнат во него, така да ако некој имал потешкотии да најде некои продукти можел сам да си ги направи и да имаат сличен вкус. Второто подобрено издание е издадено во 1876 година под името The Bartender’s Guide, и се додадени 50-тина нови рецептури со коктели на оргиналните. Во 1887, трето издание било издадено постхумно и содржело освежен избор на преку 280 коктели.


Првите големи имиња поврзани со Американскиот Бар

Во 19 тиот век двајца миксолози, Хари Џонсон и Вилијам Бутби, придонеле исто како и Џери Томас пред нив, за влијанието на професијата Бармен со издавање на свои дела, секое со по три успешни изданија. Книгите се многу интересни бидејќи даваат преглед на начинот на кој се развивала работата во барот (бартендингот) со годините.

Тие не дале многу информации за самите себе како автори, но за среќа огромен број на прилози за големиот Американаски Бармен се појавиле во весниците. На 28 Март, 1882 во New York Sun било објавено интервју со Џери Томас, по повод аукцијата на карикатури и цртежи од Американските уметници. Статијата дава неколку лични податоци од животот на Професорот што бил познат кај своите ценети гости.

Следниов дел е извадок од текстот: Американец- продолжува г-динот Томас, со тон на изненадување. О Боже, да и морнар. Роден сум во Ватертаун, во Државата Џеферсон, пред 52 години, и пловев насекаде низ светот пред јарболот. Пристигнав во Сан Франциско во 1849, и отидов на планините по злато... се вратив во Њујорк со 16000 долари, некое време уживав и на мое големо задоволство одбрав компанија; отворив бар заедно со Џорџ Еарли под Барнум Музејот каде што денес се наоѓа зградата Хералд; во 53- та како бармен заминав во Милс Хаус во Чарлстон.

После тоа со истата професија во Чикаго, Сент Луис и долж Мисисипи; се вратив назад и мешав одлични пијалоци во Метроплитан; преминав во Хинан - Сајерс во 1859; потоа работев како бармен во Occidental Hotel во Сан Франциско во 1863; Малку бев во Вирџиниа Сити, и се вратив тука во 1866, кога со мојот брат Џорџ М. изнајмивме простор на 937 та улица на Бродвеј преку Петтата Авенија каде што сега е Џонсон, под 22 та улица. После 2 години, нашите барски рецептури носеа профит од 400 долари на ден. Луѓето доаѓаа да ги видат сликите на господинот Томас Наст, кој потоа ги носеше на пијалок по нивни избор.

Прекинавме во 1871, и се преселивме каде што сега е Бижу, со сите слики околу нас. Но во 1876 го продадов и тоа место. Џон Морисеј го купи и направи сала за билијард.Во друга статија во New York Times од 15 ти Декември 1885 година, дознавме дека Џери Томас умрел еден ден претходно, во неговиот дом во Њујорк од апоплектичен напад.Имал 55 години и како што кажува статијата две негови познати креации: Tom & Jerry;; и Blue Blazer.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: