Barcode br.16
Пристигна моментот кога си ја честитаме и третата нова година во рамките на нашето заедничко дружење. Како и во изминатите години, ќе забележите дека намерно
не го исполнивме овој број со новогодишни теми од истите две причини како и во минатото сметаме дека во угостителството, секој ден треба да биде прослава на животот и неговите убавини, а и знаеме дека сите други списанија ќе бидат преполни со здодевни новогодишни совети кои ионака веќе ги знаете. Един-ствената препорака, која ја даваме секогаш одново и одново е онаа најважната - КОНЗУМИРАЈТЕ ГО АЛКОХОЛОТ ОДГОВОРНО!
Ја избегнуваме таканаречената новогодишна еуфорија за да не ја потенцираме нејзината гротескност на овие простори, но затоа уживаме да ги резимираме изминатите 365 дена. Ги оценуваме како сосема задоволителни, интересни и инспиративни, ако се занемари феноменот кој за жал, неочекувано и невообичаено агресивно не зафати во последниов период-ах да...турбо фолкот...
Жешката тема која особено се разгорува (посоодветно- се расчадува од многуте цигари) овие денови е секако Законот за заштита од пушењето, но и ХАЦЦП-от кој никако да заживее според предвидените термини. За првата тема, ви даваме на увид компарати-вна анализа направена од страна на Сојузот на Стопански Комори како помош на угостителите, во која ќе забележите дека иако законот ни е сервиран како божем превземен од другите европски земји, тој сепак е најрадикалниот, а и по санкции, најстрогиот во цела Европа.
Овој текст е воедно и информација за сите заинтересирани угостители кои сакаат да се вклучат во активностите околу измените на овој закон, каде треба да се обратат за да дадат свој придонес во масовно-ста на оваа акција.
Годината, генерално ја бележиме како успешна угостителска го-дина и покрај застрашувачки најавуваната рецесија и предвидениот пад на бизнисот во оваа бранша. Кај нас по се изгледа, се уште важи онаа- удри го гајлето на веселба. Ова најмногу се огледа во бројот на новоотворени угостителски објекти, но и во трендовите кои на наше задоволство почнаа да се појавуваат кај нас.
Еден од тие трендови е и употребата на Фенг шуи техниките за подобрување на успешноста на локалот за кои пишуваме во овој број. Понатаму, пишувавме за мо-ралните карактеристики кои треба да ги поседува еден бармен, исто така важен елемент за успешноста на еден локал.
Од останатите теми, најтопло препорачувам да го прочитате текстот за мојата омилена светска кујна- либанската, но и текстот за контроверзната жена ѕвер - Марта Стјуарт.
До следната година, ве поздравува редакцијата на Бар Код и ви пожелува весели празници.
Кликни за симнување на Bar CODE бр.16![]()
- НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ
- Bar CODE br.7
- Flair Stars
- Гастрономскиот исток и неговото влијание на современите кујни
- КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Yahoo MyWeb
Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот