Почетна | Изданија | Barcode br.17
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

Barcode br.17

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Очекувано, топ тема во изминатиов период е новиот закон за заштита од пушењето. Се дискутира на пуш- паузите помеѓу две пијачки на терасите (иако и тоа е забрането),

 по телевизиите и во канцелариите. Сето тоа е во ред, но мојот впечаток е дека сево ова требаше да се направи многу порано. Сега целата работа ми изгледа како на мртов пациент да му давате вештачко дишење. Одново, се покажа дека кога станува збор за храброста и организираноста, популацијата од ова поднебје, опасно киксира. Нека не се навредат моите ценети конзументи- угостителите, меѓутоа, нивниот револт и забелешките требаше да ги започнат многу поодамна, за да можат да влијаат врз овој закон со одложување или измена пред да се донесе.

Сега, законот е тука и ние и во овој број како и во минатиот и неколку претходни се занимаваме со темата од повеќе агли.И покрај ударот што ќе го претрпи угостителскиот сектор, особено во првите месеци, сепак треба да ја гледаме и другата страна, а со тоа да им помагаме на сопствениците и вработените во оваа бранша да ги одржуваат квалитетот и напредокот во она што го работат.

Затоа проговоривме за осигурувањето на локалите, за што најчесто, за жал се одлучуваме откако најлошото веќе еднаш ќе се случи. Говориме за инвестицијата во персоналот како многу важна работа за работата на идните локали. Понатаму, за еволуцијата на менијата како последица на промените на навиките на луѓето, за Св. Валентин како еден од најначајните датуми во календарот на празниците на секој локал. Стандардната рубика за гастрономијата не носи не многу далеку, само малку понасевер.

Освен големиот број корисни совети и информации, овој број се разликува од другите и по тоа што, во најголем обем досега се занимава со убавината, стилот и модата. Листата на десетте топ антиејџинг процедури ќе ве убедат дека тоа не е нешто што се прави само во Холивуд и дека со тек на време ќе стане навика на сите оние кои сакаат да се чувствуваат убаво во својата кожа. Во наредниов период обидете се да ги намалите или оставите цигарите, да бидете убави и свежи и модерни. Во рамките на тоа, пробајте барем еден од коктелите со ѓумбир- многу се шизички!

Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: