Декаденцијата на темното чоколадо - Задоволство со придобивки
Чокохоличарите го ценат вкусот на какаото уште од 600-тата год пне, кога Маите не само што го мелеле во облик на смеса за пенлив пијалак, туку и тргувале со него и го користеле како валута.
Во 1500-тата год, лудилото по чоколадото се раширило во Европа, благодарејќи на Хернандо Кортез, кој го открил при освојувањето на Мексико. Денес, американските уживатели јадат во просек 6 килограми чоколадо годишно - многу од нив со задоволство и чувство на вина, мислејќи дека е вкусно, но штетно. За среќа на сите обожаватели на благото насекаде низ светот, научниците открија дека темното чоколадо нуди многу здравствени придобивки кога ќе се консумира умерено.
Слатката вистина за темното чоколадо
Внимавајте, приказнава е во врска со здравствените фактори на темното чоколадо, не млечното чоколадо, белото чоколадо или чоколадните преливи, кои се преполни со маснотии и/или шеќер.
Темното чоколадо содржи 60% какао - состојка која содржи корисни хемикалии, како што се теобромин, полифенол, флавоноиди и процијаниди. Доколку научниве имиња доведоа до забуна, еве кратко објаснување зошто се тие добри за сите нас:
Понизок крвен притисок и опуштени мускули:
Теоброминот е хемикалија која е добра за срцето бидејќи ги проширува крвните садови (подобрувајќи ја циркулацијата и снижувајќи го високиот крвен притисок), помага во избегнувањето на задржување вода, ги опушта мускулите и го стимулира кардиоваскуларниот систем. Можеби порано, научниците биле позитивно наклонети кон здравствените придобивки на чоколадото. Научното име на какао дрвото е теоброма, што значи „храна на боговите”.
Намален холестерол: Полифенолите се хемикалии кои го блокираат обработувањето на ЛДЛ холестеролот - штетниот вид на холестерол кој може да се наталожи артериите и да го блокира протокот на крв до срцето и мозокот. Кај учесниците во испитувањето, кои јаделе три порции чоколадо во текот на четири недели, се јави помала апсорпција на холестерол во нивните црева. Научниците тврдат дека луѓето со средно висок холестерол би требало да го вклучат темното чоколадо во исхраната за го намалат ризикот од срцевите заболувања.
Превенција од рак: Флавоноидите се антиоксиданти, кои го спречуваат ракот, и кои што во изобилство ги има во темното чоколадо, исто како и во зелениот чај. Влакната на темното чоколадо исто така помагаат во спречувањето на ракот.
Превенција на срцев напад и удар: Уште една придобивка од флавоноидите се нивните анти-инфламаторни својства. Тие ја намалуваат веројатноста крвните плочки да се згрутчат во грутки - кои би можеле да доведат до срцев напад или удар.
Подобрувачи на расположението: Хемикалијата во темното чоколадо наречена анандамин е молекула на маснотија која се поврзува со одредени мозочни рецептори. Оваа реакција создава чувство на задоволство кај луѓето, често опишано при консумирање на чоколадото. Дали заради ова темното чоколадо е афродизијак? Официјално не, но историските податоци откриваат дека Казанова редовно јадел чоколадо за да го подобри својот љубовен живот.
Дали кофеинот во чоколадотго предизвикува проблеми при спиењето?
Со генерации луѓето сметаат дека стимулативните карактеристики на чоколадото можат да доведат до несоница. Но, вистината е дека чоколадото не содржи толку многу кофеин. Околу 50 М&М чоколадни бонбони имаат кофеин колку една шоља декофеинско кафе.
Што е уште подобро, темното чоколадо не само што нуди убав сон, туку и подолг живот. Испитувањата во Универзитетот Харвард укажуваат дека луѓето кои јадат темно чоколадо редовно, живеат подолго од луѓето кои не јадат. Тие го припишуваат продолжувањето на животниот век на хемикалите во чоколадото кои ги прават крвните садови да бидат еластични и на антиоксидансите кои се превенција од рак. Темното чоколадо има два пати повеќе антиоксиданси и значително помалку калории отколку што има млечното чоколадо.
Колкава количина на темно чоколадо е здрава да се консумира?
Според извештаите издадени во „УС Пхармацист”, здравата доза на темно чоколадо за луѓе кои немаат прекумерна тежина би била:
Три или четири 42 грамски парчиња темно чоколадо неделно или една шоља какао дневно, направена со обрано млеко и засладено со малку шеќер.
Но, во извештајот е наведено дека луѓето кои имаат прекумерна тежина, треба да го избегнуваат чоколадото поради калориите. Исто така, наведува дека трудниците би требало да избегнуваат консумирање на чоколадо, бидејќи фетусот можеби сéуште нема развиено ензими потребнио за варење на некои хемикалии.
Чоколадо за вашата љубов?
Сé уште се мислите дали да подарите на љубениот/та чоколадо?
Доколку тој или таа е во добра здравствена состојба и нема прекумерна тежина или е бремена - секако, подарете темно чоколадо во облик на срце, како доказ за вашата љубов.
Мешункастите плодови во облик на ананас кои растат на какао дрвјата содржат 30 до 50 какао зрна - доволно да се направат седум млечни чоколади или две од темно чоколадо. Минатото на овие посакувани слатки е исто толку богато, колку што се тие самите. Затоа, отворете едно темно чоколадо и уживајте во ова изненадување од минатото.
Историјат на чоколадото
600 година п.н.е. Маите откриле дека мешунките од какао дрвото во тропската прашума во Средна Америка, содржат зрна кои може да се смелат и да се добие смеса од која се прави пенлив пијалок. Зрната стануваат толку вредни, што се користат како средство за плаќање.
1400 година Ацтеките ја освојуваат Средна Америка и го засакуваат какаото толку многу што тоа станува валута во која ги исплаќаат даноците кон владетелите.
1521 година Хернандо Кортез ги поробува Ацтеките и носи зрна од какао во Шпанија.
1600-1750 година Лудилото по какаото се шири низ Европа. Побарувачката е толку голема што се користат робови за берба на какао. Какаото станува луксуз само за богатите.
1660 година Во Оксфорд, Англија е направена првата чаша какао, каква што ја познаваме денеска.
1700 година Французин по име Дорет, измислува хидрулична машина за мелење на какаото во прав. Сонародникот Дубисон прави чоколадно млеко со помош на пареа.
1815 година Холанѓанецот Конрад ван Хојтон го развива методот на производство на какао со отстранување на какао путерот, при што останува само сув прав. Тринаесет години подоцна, тој додава алкални соли на чоколадото во прав, правејќи го полесно за мешање со вода, правејќи го потемно и помалку горчливо.
1847 година Фрај и синовите го прават првото цврсто чоколадо.
- НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ
- Bar CODE br.7
- Flair Stars
- Гастрономскиот исток и неговото влијание на современите кујни
- КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Yahoo MyWeb
Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот