Почетна | Списание | СОВЕТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА МАМУРЛАК
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

СОВЕТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА МАМУРЛАК

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Ако веќе чувствувате мачнина по лудо помината ноќ избегнувајте кафе и млечни производи, пијте вода на собна температура, внесете витамини во организмот и почестете се со мрсен бурек

Опуштањето со некоја чашка алкохол за многумина е претсава за добра забава. Се чувствувате опуштено, комуникациските способности ви се подобрени, одеднаш и вие имате неодолив шарм, можете да пријдете секому. Но, по добрата забава следува вториот дел од сценариото во кое ја играте главната улога.
Следува она чувство на бунило кога немате ни грам сила. Поглед во плафонот кој со нерамномерни циклични движења прави да се чувствувате како буре во немирно море. Сува уста, но не поради тоа што сте во пустина и главоболка како да сте ја поминале ноќта во фабрика за железо... Со еден збор се чувствувате како да ве прегазил камион. Но, веќе е доцна. Мамурлакот целосно ја превзел контролата над вас.

Вие, не за прв пат, најчесто, со по некоја пцовка на сопствена сметка, на цел глас, или макар во себе, извикувате „не пијам повеќе”! Но, и самите многу добро знаете дека сето тоа е една голема лага. Следната петочна вечер веќе имате заборавено на ужасниот мамурлак од претходниот викенд.
Најсигурен начин за избегнување на оваа состојба, очигледно, не е конзумирањето алкохол. Апстиненцијата е единствената гаранција за избегнување на неподнослива главоболка следниот ден. Но, искушенијата демнат на секој чекор, па да речеме дека е голема бројката на луѓе што сепак избираат да уживаат во алкохолот. Во големи количини.
Во тој случај, се наметнува прашањето постои ли нешто што можеме да направиме да ја избегнеме главоболката? И мачнината? И следното неподносливо утро?

ИМА ЛИ ЛЕК ЗА МАМУРЛАК?!

Сепак има начини и чекори со кои можете да се заштитите од мамурлакот. Потребно е само промислено делување. Посветените конзументи на алкохол ги сметаат овие правила за своевидни заповеди.

Направете подлога со храна
Првата заповед гласи „не пиј на празен стомак”. Полн стомак  ја намалува апсорпцијата на телото на алкохолот и помага заштитно при иритација и повраќање. Ова обнародено кафеанско правило е и научно потврдено од страна на Аарон Њхите, асистент истражувач и професор по психијатрија на Дуке Университѕ Медицал Центер во Дурхам, Н.Ц.
- Алкохолот сам по себе го зголемува нивото на лачење на киселини во желудникот што може да предизвика чувство на тегоби. Храната во стомакот помага за намалување на влијанието на тие киселини и делува како тампон зона за алкохолот – вели тој.

Некои експерти пак, препорачуваат конзумирање на солена храна бидејќи од неа се јавува нагон за големи количества вода. Други пак, велат дека во пресрет на ноќ посветена на алкохол, подобро е да се изеде нешто со поголема калорична вредност, храна со големо ниво на јаглехидрати или пак мрсна храна.
- Јаглехидратите се корисни затоа што со нивното конзумирање се спречува ниското ниво на шеќер во крвта, поради што шансите да чувствувате мачнина се минимални – вели доктор Исадоре Росенфелд, професор на клиничка медицина на Цорнелл Университѕ'с Њеилл Медицал Цоллеге.
Покрај пиењето големи количини вода, Росенфелд, исто така, препорачува конзумирање на сок од портокал или други сокови затоа што спречуваат ниско ниво на шеќер во крвта и дехидрација.
- Трикот за превенција од мамурлак е во спречувањето алкохолот во крвта да порасне на високо ниво. Ефектот од редовните оброци е многу мал, затоа е важно стомакот да биде полн пред почеток и за време на конзумирањето на алкохол – додава Њхите.

МАМУРЛАКОТ ПОТЕЖОК ЗА ЖЕНИТЕ

Една студија од 2003 година направена од доктор Њендѕ Слутске од Университѕ оф Миссоури од Цолумбиа, открива дека од последиците на мамурлакот, од главоболка, недостаток на концентрација и дехидрација, жените страдаат повеќе од мажите. Докторката тоа го објаснува со помалата телесна тежина на припадничките на понежниот пол и помалото количество на вода во женското тело. Логично.
Но, кога сме кај храната и нејзиното влијание како еден вид отпорник на алкохолот на неговиот пат до крвта, се поставува прашањето какво влијание на овој процес имаат витамините?

Практичното искуство на уредникот и сопственик на онлајн коктел архивата, веб страницата Цоцктаил Тимес.цом, Ѕури Като,се колне во витаминот Ц.
Голем број веб страници исто така препорачуваат витамини како помош во совладување на симптомите на мамурлакот.
Но, експертите, вклучувајќи ја и доктор Линда Дегутис, вонреден професор, специјалист по хирургија и јавно здравство на Ѕале Университѕ се сомневаат во овие тврдења.
- Земањето одредени витамини пред конзумирање алкохол малку веројатно ќе направи разлика дали подоцна ќе се чувствувате мамурно или не – вели Дегутис.

До дното!
Не е предоцна да ги намалите несаканите ефекти дури и откако сте почнале со пиење. Едноставно, пијте голтка по голтка, а не како да ви е последна чаша. Доколку можете да се исконтролирате, обидете се да конзумирате по една пијачка на час. Со други зборови, избегнете ги честите тури на пијалаци, наметнати од вашите пријатели во име на добрата забава и нивната галантност. Верувајте, убавото чувство во тие моменти не е ни близу до цената која ќе ја платите со мамурлак следното утро.
Обидете се за време на конзумирањето алкохол да пиете и вода – препорачува Дегутис.
- Наизменичното пиење алкохол и вода или друг неалкохолен пијалак, всушност ќе ви ја намали желбата за алкохол, но и ќе ве заштити од дехидрација. Понекогаш најлошите симптоми на мамурлак, вклучувајќи ја тука и неподносливата главоболка, се предизвикани од дехидрирање – вели таа.

Пијте паметно
Изборот на пијалак исто така игра голема улога во тоа како ќе се чувствувате подоцна.
Една теорија вели дека темните пијалаци се потешки за метаболизмот од другите.
Препорака е да се внимава на бренди и виски. Почисти алкохолни пијалаци како водка, џин или бел рум, многу поретко предизвикуваат мамурна состојба. Истражувачите ја тестирале оваа теорија и дошле до сознание дека конзумирањето бурбон предизвикува далеку понеподнослив мамурлак отколку водката.

ЕВТИН АЛКОХОЛ – ПОГОЛЕМА ГЛАВОБОЛКА

Друга работа на која треба да посветите внимание пред да го повикате келнерот е фактот дека евтиниот алкохол секогаш предизвикува потежок мамурлак. Тоа е затоа што произведувачите на скапи алкохолни пијалаци во процесот на подготовка вршат поголема филтрација на нечистотијата во алкохолот.
Препорака е и да внимавате со алкохолните миксови. Студија направена на група мажи покажала дека при конзумирањето на овие пијалаци нивото на алкохолот во крвта се зголемува многу побрзо отколку во други случаи. Метаболизмот на жените меѓутоа, може да реагира поинаку. Австралиски истражувачи од болницата Роѕал Аделаиде дошле до откритие дека ниско калоричните пијалаци ве тераат да пиете побрзо.

Дегутис препорачува да се избегнуваат и енергетските пијалаци.
- И покрај верувањето, кафето или други кофеински пијалаци не се пречка да ги почувствувате ефектите од конзумирањето алкохол. Кофеинот може да направи да се чувствувате побудни, но ефектите што алкохолот ги има на рефлексите и воопшто, сепак ќе се случат. – вели таа.
Не заборавајте да го задржите курсот кога станува збор за изборот на пијалак. Изборот на пијалак може да игра важна улога но, се работи за индивидуални случаи.
- Алкохолот е претставен од иста молекула во сите пијалаци, независно дали се работи за пиво, вино или можеби ликер. Она што навистина им пречи на луѓето на крајот на краиштата е фактот дека кој и да е пијалок да го изберат може да предизвика мачнина. Ова нема никаква врска со мешањето алкохол – вели Њхите.
На крајот, алкохол сепак е алкохол. Најважно е колкави колчини од него ќе конзумирате во текот на денот или ноќта – истакнува Дегутис.

Во потрага по брз лек
Брз лек за мамурлак сепак не постои, и тоа најмногу затоа што не постои критична маса научници или лекари кои се посветени на негова потрага.
- Мамурлакот не е доволно истражуван како појава иако засегнува голема група на луѓе. Можеби луѓето сметаат дека оние кои се засегнати од него го заслужуваат тоа чувство? – вели доктор Роберт Сњифт, професор по психијатрија и човечко однесување на Броњн Университѕ Медицал Сцхоол. 
И, иако науката не му посветува многу внимание на мамурлакот, постои лепеза од производи како што се Цхасер, Соб'р-К Ханговер Стоппер и РУ-21 кои се рекламираат како „лекови” за овие состојби. Овие производи најчесто содржат состојки како витамини или медицински јаглен кои имаат намена да бидат филтер на алкохолните нечисти елементи внесени во организмот. Штосот е во тоа што покрај тестовите направени од самите производители, не постои истражување кое може да потврди или да негира дали овие т.н. лекови помагаат.
- Некои од нив имаат смисла, барем теоретски. На пример, РУ-21 содржи елементи кои го попречуваат метаболизмот на алкохолот, но не знам за ниедна научна студија која ја потврдува оваа реакција. Интернет просторот буквално содржи илјадници „лекови” но, не верувам дека кој било од нив прави некаква промена – смета Росенфелд.

НЕДОВОЛНА НАУЧНА ПОСВЕТЕНОСТ

Некои научници велат дека кога веќе мамурлакот чини милиони сепак треба да се простудира посериозно. Според една студија направена неодамна, 430 милиони долари годишно ја чини мамурлакот на нејзните 13,500 работници, австралиската комапнија Ауссие. Сумата се однесува на потрошени работни денови во кои вработените јавиле дека се болни, имаат проблеми со главоболка, мамурлак и слично.

Пред спиење
Постои ли начин да го ублажите чувството кога веќе сте се довеле до состојба на мамурлак?
Ако чувствувате мачнина по лудо помината ноќ, најверојатно е најдобро да му препуштите на организмот да го направи тоа што е потребно да се врати во нормала.
- Алкохолот е отров во кој многумина уживаат и ако се чувствувате лошо, во најголем дел тоа е поради тоа што телото ви е така речи токсицирано. Повраќањето е последен обид да се исфрлат овие отрови од организмот. Телото сака да ги отфрли, а ако тоа не се случи, дефинитивно ќе страда – вели Њхите.

Алкохолната состојба ќе ве доведе до дехидрирање. Затоа пијте големи количини вода по конзумирањето алкохолни пијалаци. Никако не го почнувајте денот со кафе, тоа дополнително ќе ве дехидрира. Млекото и млечните производи се исто така лоша идеја за борба против мамурлак. Изедете една лажица мед. Тоа ќе ја ублажи сувоста во вашето грло. Рехидрацијата е клучна во борбата против мамурлак. Но, морате да внимавате и на водата што ја пиете. Не е пожелно да биде студена или топла. Пијте вода на собна температура.
Најважен момент во превенција на мамурлакот е конзументот на алкохолот да се познава себеси. Тој, меѓу другото, треба да е свесен за тоа кој тип на тело го има бидејќи сите луѓе различно реагираат на алкохол.

ЗАДОЦНЕТО ПОКАЈАНИЕ

И, ако не сте примениле ниту еден од предложените совети, веројатно покриени во креветот шлаканици на покајание ќе ве пречекаат во новиот ден. Се прашувате што ѓавол ве терал повторно да се однесувате како да имате 20 години? Телото веќе не реагира така добро како некогаш, ако било кога и реагирало добро. Магла во главата, суша во устата, неподносливи тегоби во желудникот. Се чувствувате како да сте на портите на пеколот.
Постои ли нешто што можете да го направите да се чувствувате како човек повторно? Така некако.

Прво мора да внимавате на течностите. Со секоја голтка од изминатата ноќ, вие го сушите вашето тело. Дехидрацијата доведува до различен вид на проблеми, вклучувајќи и главоболка. Дополнително, со конзумирањето алкохол, телото губи електролити. Спортските пијалаци може да помогнат во борбата со чувството на зашеметеност. Пијте што повеќе вода или сок од портокал вели Ѕури Като, издавачот на онлине Цоцктаил Тимес.

Следен чекор, земајте витамини. Алкохлот ја блокира апсорпцијата на витамини во телото од видот Б6 и Б12. Доза од мултивитамини може да помогне вашето тело да се врати во својот природен баланс.
- Се чувствувате лошо затоа што алкохолот ги одзел сите добри материи од вашето тело. Вратете му ги истите на вашето тело - вели Като
- Тоа се логични чувства - смета Аарон Њхите, истражувач асистент професор по психијатрија на Дуке Университѕ Медицал Центер.
- Алкохолот е диуретик. Ги чисти сите материи од вашиот систем – вели тој.

Според него, за жал, не постојат докази дека земањето витамини придонесува во редуцирањето на овие симптоми. Но, како и да е, нема штета од витамините.
Исхрана. Додека вашето тело се обидува самото да се исчисти од алкохолот, шеќерот во крвта може да падне на ниско ниво.
Заради ова следното утро може да се забележи дека повеќето луѓе конзумираат обилно и тоа мрсна храна. Бурек, плескавица, или тост, јајца и помфрит придонесуваат за реанимирање на жртвите на мамурлакот. Тоа е возможно затоа што јајцата содржат цистеин, кој помага да се исфрли ацеталдехидот, отровот кој придонесува за мамурлакот.

Прилично корисно е и конзумирањето банани, кои можат да помогнат да се чувствувате подобро со реактивирање на губитокот на калиум, по луда пијана ноќ.
Ако ситуацијата ви е многу сериозна, експертите препорачуваат и јадење на сложени јаглехидрати како крекери, леб, паста или житарици, со цел да ви помогнат во враќањето на шеќерот во крвта на нормала.
Но, секако не треба да се прејадувајте. Премногу храна може да го вознемири и онака веќе осетливиот стомак.

Внимателно со апчињата за болка. Пиењето неколку апчиња за болка може лесно да ја намали болката во вашата глава, но кога веќе алкохолот го иритира вашиот стомак, конзумирањето на апчињата може само да предизвика поголема иритација.
Значи, полека и внимателно кога посегнувате по Аспирин или Ибупрофен. Исто така избегнувајте Тѕленол, кој содржи ацетаминопхен кој се преработува во црниот дроб, орган кој веќе е под стрес од самиот алкохол. Од оние таблети кои ги ма кај нас, избегнувајте Кетонал или Вентор
- Аспирин или други лекови земени во време пред спиење може да помогнат при симптомите на мамурлак затоа што го редуцираат воспалението во стомачната облога. Од друга страна апчињата за болка може и да го иритираат стомакот. Но како и да е, во мала количина тие се корисни - вели доктор Исадоре Росенфелд, професор по клиничка медицина на Цорнелл Университѕ'с Њеилл Медицал Цоллеге.

Одморете. Паѓањето во сон од бесознание поради алкохол баш и не се смета како добро преспана ноќ. Најдобро е следниот ден да избегнувате работни обврски кои бараат сериозност и посветеност затоа што најверојатно се уште сте слаби и кревки. Алкохолот создава хаос во вашиот биолошки ритам споредено со состојбата на замор.
Барате чудо? Во светот постојат многу т.н. чудесни лекови, односно алтернативни производи кои ви ветуваат враќање на организмот во благосостојба или дека барем ќе се чувствувате подобро. Сето ова со намена за жртвите на мамурлакот се разбира. Одговорните лица на веб страницата ханговерревиењ.цом, односно програмерот Мике Пеарсон, одлучиле да испробаат 52 вида производи кои се рекламираат како чудотворни кога се работи за мамурлак. Овој опит, на сајтот на Пеарсон, како најдобар за оваа намена го рангира производот Соб'р-К ХанговерСтоппер, кој како главна состојка содржи 100 процентен фармацевтски создаден јаглен (ЦАРБОН МЕДИЦИНАЛИС).
Но, освен тестовите направени од производителите и сведоштвата од страна, нема вистинска научна позадина и верификација на дејството на овие анти-мамурлак производи.Факторот време. И додека некои од овие чекори може да помогнат, кога ќе дојде до мамурлак, само времето ќе го излечи погоденото тело. И гордоста, се разбира

Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: