Почетна | Списание | Депресија во угостителството
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

Депресија во угостителството

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Веке трет месец на политижкиот мегдан се пеглаат ставовите за новиот закон за пушење, додека на терен угостителите забележуваат негативни цифри во нивното работење.

Туристичко Угостителската комора внимателно води евиденција за колапсот на оваа гранка и во алертирана состојба бара решение за излез од агонијата која трае, не увери  Феркан Бербери- претседател на туристичко угостителската комора.

Бар Код
Колкави се загубите во овие три месеци (јануари, фебруари и март) со примена на законот за борба против пушење?

Феркан Бербери
Точната бројка на загубите за првото тромесечие од годината по имплементација на законот ке ги имаме со официјалното истекување на месец март, а особено со уплатата на ДДВ кога и прецизно ке се види процентот на падот  на приходите во Угостителството, односно крахот на македоското Угостителство што ние угостителите веке го знаеме.
Она што Туристи;ко-Угостителската Комора  го има како податок се бројките од истражувањето во месец Јануари . Официјално 90 % од Угостителите се изјасниле дека имаат пад во прометот , а најголемиот дел од нив пријавиле пад во прометот до 50 до 70%.

Бар Код
Каков е односот во споредба со ланските приливи на средства во истиот период?

Феркан Бербери
Катасрофален е односот во споредба со јануари  изминатите две години што е видливо од приказот во истражувањето.

2009

Во милиони денариВо %
К11336-
К2160820,36%
К3192119,47%

 *податоци од Државен завод за статистика
Во 2009 година и покрај економската криза имало тенденција на раст во Угостителството.
Ова јасно укажува на директните ефекти од забраната за пушење.

БАр Код
Какви планирани активности  превземате за да продолжите во остварување на вашата идеја за менување на законот?

Феркан Бербери
Туристичко угосттиелската комора има иницијативи. Угостителите веке подолго бараат порадикални мерки како Граганска непослушност, затворање на локалите со протест, протести пред институциите,и сл., но Туристичко Угостителската Комора засега има став дека треба да се искористат сите средства за преговарање со надлежните.
Засега за жал нема никаков одговор  од ниту една институција. Доставени се десетици писма за итен прием и разговори по предлогот на Туристичко-Угостителската Комора.

Бар Код
Дали постојат алтернативни решенија доколку владата остане на своите категорични ставови?
Имам личен впечаток дека  по изгласувањето на предлогот од пратеникот Горчев за пушење на терасите ке се случи нова катастрофална состојба на нерамноправност и нееднаквост на пазарот.Што ке прават Угостителите кои немаат тераси, а такви се 40% од Угостителските објекти. Тие веке најавија оспорување на Законот со новото решение на Уставен суд бидејки нивниот бизнис е директно загрозен.Од друга страна  пушењето на терасите од нас Угостителите прави со сила сезонски работници, односно не става во состојба да работиме само кога е топло и да се молиме што подолго да трае летото.На сметка на тоа кога врне , дува ветар и времето не е погодно, а тоа најчесто е 8 до 9 месеци во годината, ние треба да одиме на принуден одмор. Такво е актуелното решение поднесено и изгласано од парламентот.

БАр Код
Неединството на угостителите потврдено со привиот протест ке се обидете да го надминете во понатамошните активности ?

Феркан Бербери
Не е точно дека Угостителите се неединствени. Никогаш не биле поединствени. Но мора да разберете дека тие имаат такви сериозни загуби што секојдневно се ставени во состојба да ги бројат жртвите од забраната за пушење и да размислуваат која казна да ја платат или како да си ја одблокираат сметката. Тоа е депресија која владее во Угостителството и не можете да му се лутите некому што потклекнал на некакви притисоци или шпекулации.
Ве уверувам дека не постои Угостител или вработен во тој сектор што секој ден не размислува каде да го бара решението за својата егзистенција. Тоа е единството на Угостителите кое, за жал, ако не се најде решение  ке се покаже  како единство во револтот кон надлежните, наместо во конструктивно решавање на проблемите со кои се соочивме.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: