Barcode br.18
Во услови кога угостителството во Македонија се наоѓа на колена поради ред причини-законот за пушење, еко-номска криза, унификација на изгледот на летните тераси,
либерализација на визниот режим (да... дел од ква-литетните бармени веќе ги подготвуваат своите куфери и заминуваат..), загаденото Охридско езеро, па дури и поради оградите низ центарот на Скопје околу местата каде што се започнати градежни работи, се прашувам дали има нешто добро што може да произлезе од целава ситуација. Идеја ми даде еден добар пријател, уго-стител од Охрид пред неколку недели, во неврзан разговор на пушпауза пред вратата на локалот.
Тој кажа дека сега конечно ќе останат да функционираат само оние кои навистина знаат да работат! Колкуточно. Кога ќе се сетам дека целта и на ова списание е да го подигне нивото на угостителството во земјава, не можам да не се потсетам и на сите препреки со кои се соочуваме, обидувајќи се тоа да го постигнеме. Се присеќавам на сите дискусии, писма кои сме ги разменувале и кафеански дебати кои луѓето неминовно ги отвораат пред мене, знаејќи што работам, во кои не сме можеле да се разбереме поради фактот што во оваа бранша залутаа премногу луѓе кои сметаат дека угостителството е нешто што се работи кога не знаеш ништо друго.
Поради ова, се обидувам, целава ситуација да ја гледам по-зитивно и, се надевам дека денешниот квантитет, утре ќе донесе нов квалитет.Во овој број исто така сакам да им се извинам на оние читатели, чии чувства беа повредени од еден текст во минатиот број, во редовната рубрика Психологија на излегувањето. Во консултација со авторот на текстот, решивме да не одговараме поединечно на писмата кои пристигнаа во нашата редакција, туку на овој начин да се извиниме како тим, и повторно да нагласиме дека идејата на списанието е да промовира позитивна енергија, па макар тоа било и преку презентација на различни ставови и гледишта.
- НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ
- Bar CODE br.7
- Flair Stars
- Гастрономскиот исток и неговото влијание на современите кујни
- КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Yahoo MyWeb
Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот