Данило Орибе
Моментално на врвот од светската Флер Сцена - Данило Орибе со освојувањето на Легеднс оф Бартендинг ЏИИ докажа дека е еден од најдобрите во историјата на флербертендингот.
Познат по својот чист и елегантен стил Данило Орибе е Барменот кој што е репер за сите малди бармени денес.Една изјава во врска со Данило Орибе ќе ви ја даде сликата за каков професионалец се работи, вели:“ Ако имаше смртна казна за секое излевање и паѓање на шише или шејкер на флертендинг натпреварите, Данило ќе беше единствениот преживеан”
Данило ја започна својата кариера како флербартендер на 18 години во Монтевидео во родниот Уругвај во 2002 година.Додека ја учеше професијата во Здружението на Бармени на Уругвај, тој сам вежбаше флер и имаше настапи на неколку локални натпревари.Ова е почетокот на една успешна кариера, во која има освоено повеќе од 40 први места на престижни натпревари насекаде низ светот.Досега одржал неколку Флаир Мастер Цласс предавања и многубројни презентации и шоу настапи за повеќе познати брендови. Благодарејќи на својата професија посетил повеќе од 30 различни држави.
Монентално е дел од најдобриот Флаир Бар во светот Роцк н’ Ритас во Лас Вегас.
Историја:
Марчело Пелехаро, еден од најдобрите Бармени во Уругвај е најзаслужен за внесувањето на Данило во светот на бартендингот и флер.
Данило учел да биде профессор по физика.Случајно бил повикан да биде барбек на еден специјален настан, и ги видел бармените кои применуваат флер додека работат позади бар. Од тој момент Данило е заразен со флер. Овој настан го мотивира да научи повеќе за оваа професија.
Флер Бармени кои го инспирирале Данило биле Пабло Фернандес и Алексис Касавале, многу ценети во Уругвај. Тие му помогнале од самиот почеток на неговата кариера.“Бев многу мотивиран за оваа професија, истовремено учев и работев, но секогаш наоѓав слободно време да вежбам”По два месеци вежбање Данило настапи на својот прв аматерски флер натпревар. И покрај добриот настап резултатот не беше тоа што тој го очекуваше. Беше толку разочаран што неговата флер кариера за малку ќе завршеше пред да започне.По неколку дена Данило одлучи да заборави на натпреварот, да продолжи да тренира и да се докаже против најдобрите професионални флер бармени во Уругвај на Националниот натпревар на Бармени. Со само три месеци вежбање го освои третото место. Со овој успех заслужи да ја претставува својата земја на Пан Американскиот натпревар на Бармени следната година. На тој натпревар гордо ја претстави својата земја освојувајќи го првото место.
“Во тој момент решив Флер Бартендингот ќе биде моја животна професија.”Со помош на Пабло Фернандез и Оскар Перез тој се подготвува за настап и натпревар во Еквадор на крајот од 2002 година.
Неговите строги тренинзи стануваат уште понапорни со секој одминат настап и натпревар. Тоа ќе му помогне да настапи на многу натпревари и презентации во Буенос Аирес. Таму се натпреварува и ги усовршува своите вештини на многу реномирани светски натппревари.“Сфатив дека направив голем чекор напред и ако сакам да постигнам уште повеќе морав да си поставам уште поголеми цели...”
Во 2004 година Данило го претсавува Уругвај на Свтеското Првенство на Бармени во орагнизација на ИБА во Лас Вегас. Иако непознат за светската флер сцена тој го има еден од најдобрите настапи во својот живот. Тој се натпреваруваше против некој од неговите идоли кои во моментот беа на врвот во флербартендингот. И покрај се, тој го освои првото место и за прв пат беше прогласен за светски шампион.
Од тој момент доби многу можности да работи за познати брендови на пијалоци во Уругвај и надвор од него. Како светски шампион доби многу популарност и публицитет и гостуваше во многу телевизиски натпревари. Тој беше инспирација за новата генерација флер бартендери во Уругвај.Неговата пасија и целта да биде уште подобар го одведоа Данило во Лас Вегас каде ја искористи можноста да работи во еден од најдобрите флер баровии во светот Кахунавилле. Како дел од Кахуна Флаир Теам тој продолжува да се натпреварува и секогаш е маѓу првите три места.Данило својот успех го постигнал со посветеност и напорна работа. Секогаш е горд на своите достигнувања и благодарен за подршката на своето семејство и пријателите.
- НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ
- Bar CODE br.7
- Flair Stars
- Гастрономскиот исток и неговото влијание на современите кујни
- КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Yahoo MyWeb
Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот