Почетна | Изданија | Barcode br.19
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

Barcode br.19

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
Краткиот одговорби бил ги размрдавме работите, но има уште многу работи кои можат и мора да се сменат на подобро. Искрено, кога започнувавме, мислевме, поточно имавме желба сето тоа да се случи што побрзо. Се сеќавам дека во првиот уводник наведував случајно избрани примери зошто треба да се појави ова списание. Поточно, тој дел одеше вака:
 
...Има милион причини за појавување на ова списание. Од фактот што белото ви¬но во Македонија сÉуште редовно се служи во чаши за шампањ... коњакот послужен со пурата се пие на екс... предјадењето, главното јадење и десертот во ресторани-те се конзумираат со истиот прибор од почеток до крај... уверувањето дека најдобро вино е најскапото... најпознат коктел на нашите простори сÉуште е џин тоникот... во одредени елитни ресторани нема тоалетна хартија во санитарните простории...
 
барменството никој не го сфаќа како професија... персоналот во угостителските објекти константно ги крадат своите газди... угостителите, пос тавуваат маси не знаејќи го законот кои потоа инспекциските служби им ги одземаат... шефовите незаконски на-бавуваат алкохолни пијалоци без бандерола и увезени на црно... иако цената им е иста како и регуларно увезениот пијалок... сите имаат таканаречени проекти за про-грами кои никогаш не профункционируваат.
 
Од оваа дистанца споредено:
...минатиот викенд во Охрид ме послужија со виски во чаша за коњак...во менито пишуваше - Гротивиран зеленчук...на друго мени насловот на латиница гласеше-МЕNS...
Но! Сé повеќе се внимава на приборот за јадење и чашите...сé поретки се објек-тите со несредени тоалети...постојат коктел барови... веќе постојат неклку школи за тренинг на персонал за угостителските објекти...текстовите од Бар Код се користат во изработката на семинарски работи во стручните училишта и факултети низ земја-ва...добиваме писма од читатели во кои ни ги презентираат своите достигнувања... постигнавме партнерства со сите релевантни ентитети кои се занимаваат со угости-телство за заедно да ги подобриме нештата...
 
Бидејќи за мене успехот е патување, а не цел, со радост ви соопштувам дека патувањето на кое одиме заедно за да ја постигнеме нашата цел, сéуште е, и ќе биде огромно задоволство, како за мене, така и за целиот тим на Бар Код, без оглед на тешкотиите на кои наидуваме одејќи по тој пат. Затоа од сé срце им заблагода-рувам, пред сé на посветениот и искрен тим без кои овој проект не би можел да се одржи, на сите читатели и огласувачи, и најмногу од сé на УГОСТИТЕЛИТЕ поради кои и сé ова постои. Бидете сигурни дека после неколку години, во уводникот на не-кое следно јубилејно издание на Бар Код, повторно ќе се навратам на првиот увод-ник и ќе ве уверам како нештата повторно се смениле на подобро!

Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (1 Пратено):

marina на 07 August, 2010 10:00:58
avatar
Vo brojot avgust/septemvri ima napisano kako se nazdravuva niz celiot svet,samo me interesira dali ste sigurni deka taka se pisuvaat i deka toa znacat,potocno za Romania i Kostarica VI BLAGODARAM MNOGU

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: