Bar CODE бр.6
Период на убаво време, летни тераси, пролетна мода... Новиот број на БАР КОД ја пренесува свежината на најубавото годишно време преку пролетните теми за стилот, бавчите на кафулињата, убавината (нова рубрика- Мис келнерка и Мистер шанкер на бројот) и советите за здравата исхрана.
Мене лично, освен гореспоменатата свежина, ме весели и фактот што овој број носи и неколку теми кои се обидуваат да го вратат изгубениот гламур во нашето секојдневие- теми за трендовски комбинации од розе шампањ и кавијар, кетерингот на лондонската модна недела, шик оброци, идеја како да се направи софистициран баланс помеѓу толку извиканиот снобизам и уште поомразениот примитивизам.
Во едукативниот дел за угостителството ќе ги најдете винскиот речник и анализата за виното, неколку информации околу пурите и историјата и рецептот за најпознатиот коктел во светот- Блади Мери.
Со жалење го дочекуваме крајот на серијалот наречен А,Б,В до Ш- know how како до успешен локал на долг рок, кој скоро цела година, преку буквите на нашата азбука, урбано и духовито ни ги доловуваше социјалните и практичните аспекти на локалното угостителство. Но затоа, воведовме крстозбор со угостителски термини и ги продолжуваме рубриките за слоу фуд и гастрономија и филм.
Овој број на Бар Код (веројатно поради инспирацијата која на соработниците им ја донесе пролетта) има речиси двојно повеќе текстови од претходните броеви. Затоа и воведникот е краток, за да ви остане повеќе време да ги исчитате останатите текстови.
Кликни за симнување на Bar CODE бр.6![]()
- НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ
- Bar CODE br.7
- Flair Stars
- Гастрономскиот исток и неговото влијание на современите кујни
- КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Yahoo MyWeb
Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот