Почетна | Списание | КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Првото име на овој бар било Clancy's и тој се наоѓал на источната страна на Менхетен. Кланси, сопственикот на овој локал имал пријател кој бил џокеј. Бил најдобар обложувач, но поради тоа што се кладел на сопствените коњи њујоршката комисија за трки со коњи му одземала голема сума пари која тој еднаш ја освоил.

Во знак на револт против оваа одлука, неговиот пријател Кланси, ги спакувал сите пијалоци и мебелот од својот локал и со брод го пренел комплетниот бар во Париз. (Постои и верзија на приказната дека Кланси својот бар го преселил поради тоа што законите за алкохол (времето пред прохибиција) во Америка станувале се построги)

Во Париз, Кланси го вработил Шкотот   Harry Mc Elhone како бармен. Големото отварање се случило на 26 Ноември 1911 година. Тогаш барот бил преименуван во "The New York Bar". Подоцна барот бил ставен на продажба a Хари, кој отсекогаш сакал да стане сопственик на локал, одлучил да го купи. Така, од 8 Фебруари 1923 тој станува новиот сопственик на локалот. Тој не го менува името туку на постоечкото име му го додава своето име и од тогаш барот се вика Harry's New York Bar".

Harry's New York Bar за време на 20 те години привлекувал многу американски бизнисмени и војници, и Ернест Хемингвеј проведувал голем дел од своето време токму во овој бар. Алкохолот го сакал исто колку и пишувањето и ловот. Тој и во своите дела повеќе пати го споменува овој бар ("Paris is a fiest"). Синот на Ернест Хемингвеј и ден- денес еднаш годишно го посетува барот во чест на својот татко.

Денес Harry's New York Bar" е еден од најпознатите барови во светот. Освен Ернест Хемингвеј, Скот Фицџералд исто така бил редовен гостин. И Иан Флеминг во неговите крими романи (Џемс Бонд) го спомнува ова место. Исто така се спомнува и во делото "Dodsworth" од авторот Синклер Луис.
Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (4 Пратено):

Olivera Stepanovska на 14 May, 2010 02:56:26
avatar
, Sorabotka .
Olivera Stepanovska на 14 May, 2010 02:56:26
avatar
, Sorabotka .
Olivera Stepanovska на 10 June, 2010 01:29:56
avatar
, Sorabotka .
Olivera Stepanovska на 10 June, 2010 01:34:41
avatar
, Sorabotka .

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата:

Оцени го текстот
0