Bar CODE бр.1
Целта на ова специјализирано списание за угостителство е да ги подигне стандардите во угостителска област во нашата земја, да ги поврзе угостителите со понудувачите на услуги кои им се потребни и да ја подигне културата на социјалното живеење. Спротивно на многуте сомнежи додека овој број беше во подготовка, ова не е еден од многуте информатори со листа на угостителските објекти, ниту пак списание со рецепти...
Бар Код има за цел да ги информира угостителите и конзументите за новитетите и трендовите во угостителскиот сектор во Македонија, и во светот, преку практични рубрики
како што се претставувањата на нови места, ентериерно уредување, барска опрема, закони и правилници за работа, пијалоци и храна, берза на труд во угостителскиот сектор, лајфстајл теми, совети, винска и тутунска култура и друго.
Има милион причини за појавување на ова списание. Од фактот што белото вино во Македонија сеуште редовно се случи во чаши за шампањ... коњакот послужен со пурата се пие на екс... предјадењето, главното јадење и десертот во рестораните се конзумираат со истиот прибор од почеток до крај... уверувањето дека најдобро вино е најскапото...најпознат коктел на нашите простори е се уште е џин тоникот... во одредени елитни ресторани нема тоалетна хартија во санитарните простории... барменството никој не го сфаќа како професија... персоналот во угостителските објекти константно ги крадат своите газди... угостителите,поставуваат маси не знаејки го законот кои потоа инспекциските служби им ги одземаат... шефовите незаконски набавуваат алкохолни пијалоци без бандерола и увезени на црно... иако цената им е иста како и регуларно увезениот пијалок... сите имаат таканаречени проекти за
програми кои никогаш не профункционируваат...
Оправданоста на идејата да се подобрат работите на ова поле произлезе од самите угостители кои одуπевено ја прифатија идејата да имаат списание кое ке донесе нов квалитет во овој сегмент, како што тоа го имаат направено сите земји во Европа па и во соседството (Caffe & Bar - СЦГ;Behind the Bar - Грција, Bar Magasine - УК , Bar gionorale - Италија итн.)
Магазинот kе излегува на два месеци, и дополнителни две специјални изданија во текот на една година. Ќе има минимум 72 колор страни и ќе биде дистрибуиран во сите угостителски објекти во Македонија и во подобро снабдените киосци за весници.
- НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ
- Bar CODE br.7
- Flair Stars
- Гастрономскиот исток и неговото влијание на современите кујни
- КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Yahoo MyWeb
Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот