Bar CODE бр.3
Во овој број на Бар Код, се обележува неколку позитивни иницијативи, за кои се надеваме, целат кон истата мисија за која и самиот Бар Код се нафати да ја промовира на овие простори.
Случувањата како првиот меѓународен вински фестивал во нашата земја, приемот на Македонското здружение на бармени во светската асоцијација на бармени или формирањето на нов синдикат на угос-тители, ветуваат посветла иднина за македонското угостителство.
Уште понатаму, најавата за формирање на македонска асоци-јација за “Slow food” за која пооширно ќе пишуваме во следниот број, отворањето на нови квалитетни угостителски и туристички објекти, како што се неколкуте ноќни клубови во Скопје, реновиран-иот хотел Радика во Маврово, иницијативите на Aqua Pura во Преспа, зачетоците на неформалните здружувања на истомислени-ци со истата пасија кон квалитетната храна, вино, пијалоци, пури и квалитетно дружење . . .
Еј, тоа се иницијативите кои ќе го донесат новиот квалитет. Полека се напушта деструктивниот и пасивен социјалистички пристап дека државата или некоја непозната сила мора да ги реши сите и сечии проблеми, а ние да седиме и да го критикуваме тоа. Ова е фантастичен позитивен момент за оваа бранша. Граѓанските иницијативи, па уште ако се и добри и поведени од луѓето кои знаат, но пред се, имаат позитивен дух и ентузијазам, се единствениот начин да се задвижат работите.Како и да е, ние ќе продолжиме да ги критикуваме смрдливите кафеани, поткршените садови за сервирање во рестораните и кел-нерите кои не ги разликуваат пијалоците, а особено простите гости кои не знаеле ни соодветно да се облечат за да излезат, но многу повеќе од тоа, со цело срце, ќе ги поттикнуваме и промовираме убавите идеи.
Онаму каде што можеме да помогнеме директно, со цело срце и енергија ќе го направиме тоа на најдобар можен начин. Кога нема да можеме директно да влијаеме, ќе ви презентираме теми кои ќе инспирираат други да иницираат убави работи. Ке пишуваме тек-стови за квалитетот на живеењето, бон тонот во ресторан, ќе го претставиме Хемингвеј, тој култен бонвиван и нобеловец, ќе ви ги прикажеме екстремните начини на уживање во храната од кои некој можеби ќе се згрозат, но и многу важните препораки за одговорност при конзумирањето алкохол. Сето горенаведено, веќе го имаме испечатено на страниците во продолжение.
За крај на овој блескав инспиративен момент ви презентирам една мисла од Џон Рокфелер која мене лично многу ми се допаѓа:
“Тајната на успехот е во тоа, вообичаните нешта да се извршуваат на невообичаено добар начин”
(The secret of success is to do the common things uncommonly well. - John D. Rockefeller)
Кликни за симнување на Bar CODE бр.3![]()
- НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ
- Bar CODE br.7
- Flair Stars
- Гастрономскиот исток и неговото влијание на современите кујни
- КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Yahoo MyWeb
Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот