Bar CODE бр.5
Од целата еуфорија и гротескност околу изминатите празници произлезе само една убава работа која ретко кој ја забележа. Поврзана е со актуелната состојба со вечерното излегување во Скопје, за која Бар Код на неколку наврати коментираше, а тоа накратко да потсетиме, се вртеше околу констатацијата дека сите излегуваат секаде и никој не си поминува убаво.
Во периодот околу празниците, беа организирани едно чудо коктели, забави и прослави, каде што присутните најчесто доаѓаа по претходна покана.Тоа значи дека дека некој организирал, обмислил какво друшвто е соодветно за настанот, кој е кругот на луѓе кој ќе се дружат меѓу себе, што е најсоодветно и така натаму. И види чудо - секое капаче на своето тенџерче... Веднаш друго е. Сакаш да се видиш со твојата генерација -може; сакаш народно - до сабјле; сакаш дрво да се направиш - има... И така се по ред. He ти се случува да се забавуваш неколку саати на твоите омилени ретро хитови и наеднаш кога си најрасположен да те 'рсне некоја песна со текст кој вели: Удри Брус ли, играј Брус Ли, поуби ги сви (?!?). Ах, што да каже пустиот Карл Даглас и неговата стара добра Кунг Фу фајтинг на ова...
He го спомнувам ова туку така. Бидејќи е ова списание за угостителство, ја извлекувам поуката која повеќето од угостителите сеуште не ја научиле - внимателно фокусирајте се на една целна група и дефинирајте го карактерот на вашиот објект. Сетирајте ја основата на квалитетот. Сите ќе бидат посреќни.
Толку околу тоа што беше. Што ке има во новиот број? Овој пат, се свртевме малку повеке кон светот - го потенциравме знаењето на француската кујна, ѕирнавме во најизвиканите интернационални ресторани во Америка, ја откривме другата страна на кетеринг услугите (која кај нас почна да зажививува), а тоа е кетерингот во јавните установи во Лондон, ги следевме нашите бармени на патувањето во Тајван, откривме која вотка ја служи Абрамович на своите забави, зошто еспресото во Италија е најубаво, кое е најпознатото ирско пиво и кои светски филмски жанрови каква храна бараат.
Во локални рамки, зачнавме тема која е многу интересна - како е да се биде готвач во Македонија, зошто Вранецот е подобар од некои француски вина, како да се однесуваме на локалните службени ручеци, повторно како да (не) се облекуваме и кои се најинтересните архитектонски аспекти на наπите угостителски објекти.
И повторно, во рамките на горе споменатото, ќе завршам со соодветен цитат: Успех е да направиш нешто, таму каде што си, со тоа што го имаш на располагање (Рузвелт).
Кликни за симнување на Bar CODE бр.5![]()
- НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ
- Bar CODE br.7
- Flair Stars
- Гастрономскиот исток и неговото влијание на современите кујни
- КУЛТНИ КОКТЕЛ МЕСТА


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Yahoo MyWeb
Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот