Почетна | Списание | Колку трошат Скопјаните за едно излегување?
Poll: Бармени
Дали скопските бармени припремаат добри коктели?

Колку трошат Скопјаните за едно излегување?

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Анкетата на Бар Код покажува дека во земјава се забавува од најмладо до најстаро, а просечно за едно излегување Скопјаните издвојуваат од џебот по 700 денари. Парите ги трошат по кафулињата и дискотеките, но и за домашни журки. Анкетираните просечно излегуваат два пати неделно, што значи дека месечно за забавување трошат околу 2800 денари.

Често се вели дека парите не се пресудни за добар провод. Меѓутоа за да поминете барем една незаборавна вечер во која забавата со пријателите ќе ја зачините со неколку пијалоци, потребно е да издвоите едно мало богатство.

Резултатите од анкетата која ја спроведе Бар Код покажуваат дека Скопјаните на возраст од 12 до над 40 години просечно трошат по 700 денари за едно излегување.

Најмладите ноќни птици на возраст од 12 до 18 години за едно излегување во просек трошат околу 300 денари, што всушност ги прави најскромни трошачи од сите анкетирани генерации. Оваа сума тинејџерите обично ја трошат преку викенд во скопските кафулиња и дискотеките. Сепак за најмладите, најдобри и најнезаборавни журки се оние кои ги организираат самите во некое кафуле каде неколку часа можат да лудуваат на омилената музика.

Околу 100 до 200 денари ги чини само картата за да можат да лудуваат под диско топката, а дел од нив мораат да издвојат и пари за превоз.

Просечно, по 500 денари за едно излегување трошат оние на возраст од 18 до 24 години. Неколку коктели или жестоки пијалоци во некое од кафули-њата на Кеј или Македонија, а потоа танцување на подиум во некоја од дискотеките.

Дел од анкетираните на оваа возраст објаснуваат дека во последно време во шема им се и рестораните со пејачки и жива свирка, каде им било поисплатливо да наздрават со неколку чаши поефтино вино и потоа да продолжат со забава до зори во некое диско. На девојките им се случува понекогаш да да се напијат некоја пијачка и од шанкерот или од некој од гостите. Но, затоа дел од анкетираните девојки велат дека мораат да потрошат цело богатство за шопинг, шминка и фризура. Ако изгледаат убаво, ќе има некоја пијачка плус.

Оние кои се на возраст од 24 до 28 години за едно излегување во град просечно трошат околу 700 денари. Меѓутоа меѓу нив има такви кои од џебот издвојуваат многу повеќе за да можат со една лудо помината ноќ да се оттргнат од досадното секојдневие. Се зависи од тоа колку е длабок џебот. Обично излегуваат во четврток и во недела, бидејќи сакаат да ги избегнат гужвите преку викенд и за да не се мешаат со помладите генерации.

Проводот на оние од 24 до 28 години се одвива по вообичаена маршута која започнува во ресторан или кафиќ а завршува наутро во Хард Рок или Колосеум.

Парите момците најчесто ги арчат за неколку чаши виски или по некое шише пиво. Девојките се повеќе ориентирани на коктели и сечени пијалоци, a излегувањето ги чини помалку оние кои не пијат алкохол.

Нашата анкета покажува дека најголеми трошачи од сите генерации се оние на возраст од 28 до 35 години. Овие генерации се журкаат еднаш до два пати неделно, но спремни се добро да инвестираат во ноќниот провод во друштво со пријателите.

Вистинска хит забава им е организирање на соло машка или соло женска вечер, кога си дозволуваат журка која потоа долго ќе се раскажува.

Генерациите на возраст од 28 до 35 години во просек еднаш месечно организираат и домашни коктел забави. Дел од анкетираните велат дека поголемо задоволство им е да ги повикаат пријателите на домашна журка кога домаќинот има шанса да ги демонстрира кулинарсите специјалитети, но и способноста да подготви коктел за гостите.

Околу 900 денари за едно излегување трошат оние на возраст од 35 до 40 години. Семејството за овие генерации не претставува пречка за да си дадат оддишка од работните обврски еднаш до два пати во неделата.

Генерациите од 35 до 40 парите за излегување најчесто ги трошат за вечера во друштво на партнерот или пријателите. Повеќето од нив имаат омилени ресторани каде веќе станува традиција еднаш во седмицата да се организира пријателска средба со no некое шише вино и вкусна храна. Само десет отсто од анкетираните на возраст од 35 до 40 години еднаш до два пати во месецот се забавуваат во некоја од скопските дискотеки. Слично на генерациите од 28 до 35 години, и овие генерации излегувањето со пријателите понекогаш го заменуваат со луда домашна журка, кога децата обично преспиваат кај нивните баби и дедовци, а забавата трае до наредното утро. Генерациите од 35 до 40 години дел од буџетот за забава трошат и по кафулињата, каде попладневното пријателско кафе често се претвора во неколкучасовна седенка придружувана од повеќе жестоки пијалоци.

Највозрасните журкаџии со над 40 години просечно трошат околу 700 денари за излегување, покажува анкетата на Бар Код.

Во друштво на пријателите во просек се забавуваат еднаш неделно во ресторан или на пијалок во кафуле. Во диско повеќето речиси и не стапнуваат, а единствена забава со танцување им се семејните и пријателските прослави. Дел од анкетираните објаснуваат дека се принудени да скратат дел од личниот буџет наменет за излегување заради тоа што премногу ги чини излегувањето на нивните деца. Сепак, сите од анкетираните над 40 години барем еднаш во месецот издвојуваат пари зошто како што велат, смеата и забавата со пријателите и партнерот се бесценети.

Вкупно земено, од најмладите до најстарите, сите издвојуваат просечно по 700 денари за добар провод. Во оваа математика не се вклучени парите кои Скопјаните ги издвојуваат за да се дотераат и убаво да изгледаат, за фризура, шминка и превоз до местото за забава.

Ако се спореди со просечната македонска плата, може да се направи пресметка дека Скопјаните кои излегуваат два пати неделно трошат над 10 отсто од платата за забава и провод. Повеќето од анкетираните одговорија дека излегуваат четири пати во месецот, што значи од буџетот издвојуваат 2800 денари за да се забавуваат.

Оттаму за Скопје се повеќе важи дека е град кој заживува, а центарот навечер е преполн со расположени луѓе кои си велат: еднаш живеам и вреди да се забавувам.

Колку трошат Скопјаните за едно излегување?

12-18 години 300 денари 18-24 години 500 денари 24-28 години 700 денари 28-35 години 1000 денари 35-40 години 900 денари нас 40 години 700 денари

Додади во: Add to Facebook Facebook | Furl this! Furl | Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (2 Пратено):

adnan на 16 October, 2008 05:15:55
avatar
koi 300 500 denari be da im ebam goltarite site se dolzni kako grcka
petar на 17 January, 2009 02:47:13
avatar
12-18 години 300 денари???
xaxaxa
12-13 години 300 денари
14-18 години 800 :D

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: