Почетна | Изданија | Barcode Br.25

Barcode Br.25

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Некогаш и сега... Тука и таму... Ова издание на Бар Код се чини, најдобро може да се опише со овие неколку зборови. Од една страна, секој од нас носталгично ламентира по убавите времиња кога излегувавме за да се видиме со пријателите и кога, нели, се знаеше Редот кој каде, кога и со каква цел излегува.

Од друга страна пак, времињата се сменија и тука не можеме ништо да сториме. Бранот на новоотворени локали, интернетот, но и социјално- економската ситуација повлече нови навики и шаблони за она што, наивно, на времето го нарекувавме- одење во град.

Интересното во сето тоа е, што, без оглед на која генерација припаѓаат членовите на редакцијата на Бар Код, сите се сложуваат во едно порано беше поубаво, иако се работи за различни периоди од минатото. Тоа ќе го напише и Синиша, но и петнаесетина години помладата Николина, тоа го напишав и јас и останатите.

Дали тука се работи за феноменот што секогаш, во сеќавањата, од минатото ни останува она убавото, а лошите работи ги потиснуваме или пак навистина нештата во нашава земја постојано одат кон полошо? Лично се надевам дека е првото, но за конкретнава ситуација, односно сегашниов момент, тоа ќе го знаеме дури по десетина години.

Истото се однесува и за споредбата  тука и некаде надвор. Секогаш кога ќе отидеме во локал во странство ни се чини дека таму е поубаво од кај нас. И повторно, дали можеби и тука се работи за феноменот  цвеќето во градината на соседот е секогаш поубаво? Лично имам став дека ТУКА и СЕГА нештата навистина можат да бидат многу подобри. Меѓутоа нема да критикувам и плукам по се и сешто, сакам да бидам позитивна и оптимистична.

Поради тоа, во овој број, освен што има неколку осврти за тоа како било некогаш и сега/тука и надвор, објавувам и текстови кои само укажуваат како се организрани нештата во некои посредени земји со поголема традиција на организирано угостителство.

Се надевам  дека барем нешто од тоа ќе заживее и кај нас, односно угостителите полека ќе почнат да се менуваат самите, а со тоа и навиките на оние кои излегуваат.Уште повеќе, обележуваме четири убави настани за кои, верувам, ќе придонесат за подобрување на нашите прилики.

Се работи за Државниот натпревар во барменство, Барменската лига, Гурман фестивалот и Коктел фестивалот. Им честитаме на сите организатори на храброста и ентузијазмот и ги поддржуваме во нивните напори да направат промена.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: