Почетна | Изданија | Barcode Br.26

Barcode Br.26

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

По четири години искрено дружење полно со доверба, Бар Код реши да ги изненади своите читатели, а со тоа уште повеќе да им се приблжи. Од денес, Бар Код е бесплатен! Се уверивме дека имаме верна и интерактивна публика која треба да биде наградена.И ви благодариме за тоа од се срце.

Се надеваме дека со новата политика ќе стекнеме уште повеќе пријатели, а од старите ќе направиме уште поверни читатели.

Со тоа што Бар Код од овој број е подостапен, се надеваме дека и вашите идеи ќе доѓаат во уште поголем број и ќе бидеме во состојба заеднички да ги обликуваме идните содржни и теми. Во прилог на ова, ви објавуваме уште еден новитет Бар Код има нова фан страница на Фејсбук. Кликнете дека ви се допѓаа и до вас ќе доаѓаат известувањата за сите новитети и многу награди. Комплетните изданија се уште ќе можте во целост да ги прегледувате на постоечката веб страна како и до сега. Уште од сега им се радуваме на вашите идни постови и иницијативи, за кои ветуваме ќе ги прифаќаме и реализираме на ваше задоволство.

Во ова издание ќе најдете интересни содржини, воглавно поврзани со посетителите на угостителските објекти. Се извинуваме драги угостители што малку го помрднавме фокусот на нашите рефлектори од вас кон вашите гости, но како што вели и насловот на еден од текстовите- Гостинот е секогаш гостин. А тој е сепак центарот на нашиот угостителски универзум.

Уживајте во текстовите на овој број и имајте фантастично и исполнето лето кое долго ќе го паметите по убави нешта.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: