Почетна | Изданија | Barcode Br.27

Barcode Br.27

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Интересно е тоа, како во одредени периоди, сите соработници на Бар Код некако исто се завр-туваат кон исти или слични поими и теми, иако сите тие поединечно не разговарале меѓу себе за истите

. И друг пат ми се случувало, при првото читање на пристигнатите текстови да забележам повторување на поими, идеи или забелешки, па дури и имиња на одредени личности, иако се работело за сосема ра-злични теми. Замислете, во овој број, онака, после години и години како не сум го чула неговото име, на два пати се споменува Стив Меквин, врзано и со барот кој е инспириран од него а кој се наоѓа во Лон-дон, но и во текстот за мажите со стил. Истото во овој број се случува и со споменувањето на хостесите во рестораните, скопската Чаршија... Иако, како човек со техничка академска основа не верувам многу во необјаснливи нешта, сепак верувам дека ова значи дека тимот на Бар Код има некоја своја внатрешна поврзаност, иста динамика на размислување, енер-гија која ни е заедничка и која не прави да бидеме она што сме и што досега сме го постигнале. И до сега сум потенцирала дека сме една ентузијастична група на позитивни луѓе кои сакаат да ги подобрат нештата околу нас. Но за поголемата читачка публи-ка некои од нас веројатно се непознати пишувачи кои само добро го пласираат својот став, знаење и обзервации. Затоа, во овој број додадовме и две странички со листа на нашите најредовни соработ-ници, со нивните кратки профили- на начин на кој тие се гледаат себе си , но и како ги гледа околината. Се надевам дека, со тоа што, на тој начин ќе ги запо-знаете подобро, и нивните текстови ќе ви бидат по-јасни и поинтересни.
Што се однесува до текстовите за овој број, освен што по број на страници се многу повеќе од претходните броеви, тие се содржински многу инте-ресни. Од анализи и сопствени размислувања на те-ми кои не окупираат сите нас, до податоци и инфор-мации кои верувам, до сега не сте ги знаеле.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: