Почетна | Изданија | Barcode Br.30

Barcode Br.30

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Се е поинаку во пролет. Особено за угостителството. Токму поради ова, овој број на Бар Код е „лесен”. Преовладуваат лајфстајл теми, убави примери за барови со поглед, текстови за вотката како основа за пролетни коктели, салати...

Со пролетта доаѓа и желбата за излегување. Отворени тераси, убави облеки и расположени луѓе. Какво е излегувањето денес, а какво беше низ декадите? што ги радува, а што ги онерасположува излегувачите? И за тоа има по нешто во овој број. Има и информации за неодамнешните случувања како што е првиот натпревар за баристи во Македонија и за претстоечкиот национален натпревар за бармени.

Се на се, позитивни нешта. Се надевам дека оваа позитивност ќе ги избрише тмурните расположенија кои ни ги донесе студената зима која, секоја среќа остана зад нас и ќе не држи во убаво расположение што подолго.

Се надевам и дека угостителите, толку погодени, не само од лошото време во изминатиот период, туку и од економската криза која толку се чувствува, ќе изнајдат сили да понудат нешто ново и интересно и дека конечно ќе бидат задоволни од својата работа. Уживајте во пролетта и бидете позитивни!

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: