Почетна | Изданија | Barcode Br.31

Barcode Br.31

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Често пати во изминатиов период си размислувам за дефиницијата на магазин за угостителство. Бар Код е конципиран и промовиран како магазин за угостителство, и отприлика на сите им е јасно дека кога ги тангира темите кои ги мачат угостителите како што се законите, логистичките прашања на организација,

изборот на менија и слични практични теми, работите се прилично дефинирани. Но од друга страна, угостителството постои поради своите клиенти - гостите. Тоа го дефинира нивниот лајфстајл. Нели е логично, ако сакаме да ги допреме и двете страни, да треба подеднакво да ги третираме и угостителите и гостите? Од тука е и прашањето, каде е границата помеѓу магазините за угостителство и оние за лајфстајл? Не, не се работи за криза на идентитетот на нашиот магазин. Ниту пак за оправдание зошто имаме толку многу општи теми во последните изданија. Се работи за желбата да се задоволат потребите на сите наши читатели во вистинската мерка.

Поради тоа и експериментираме и со малку поинакви теми во последните броеви. Вметнуваме повеќе лајфстајл содржини, но целта секако ни останува истата - да ги едуцираме гостите на угостителските објекти, а со тоа да стигнеме до целта зацртана уште во 2007 година, а тоа е повисоко ниво на угостителството во Македонија.Затоа, во овој број може да уживате во теми за екстравагантни дестинации и коктели, да се потсетите како излегувавте во деведесетите, да сфатите дека местата ви се допаѓаат ако се уредени по Фенг Шуи или да ја запознаете Рејчел Зои...

Но, угостители не се опуштајте. Можеби вашите гости не ги интересира, но вие сигурно ќе морате да се потсетите како се меле еспресото во машината за кафе, а ако имате хотел, и да се потсетите дека морате да вработите и консиерж. Ако згора на се имате и добар персонал, ќе треба и да почнете да размислувате да ги испратите на следниот државен натпревар во барменство.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: