Почетна | Изданија | Barcode Br.43

Barcode Br.43

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Драги читатели , соработници и огласувачи. Кога пред седум години го започнував печатеното издание на Бар Код знаев дека претстои период на успех и многу позитивна енергија.

Целата енергија околу македонското угостителство која дотогаш беше расфрлана тука и таму почна да се концентрира на едно место и од таму да произлегуваат цел куп идеи, иницијативи и активности. Заедно бевме сведоци на зачетоци на нови трендови, подигање на коктел културата, но и многу сеир и смеа.

. Но тогаш исто така кааав и нешто друго- во првиот момент кога ќе се сменат условите, колку и да е се добри или лоши до тогаш, че се смени и Бар Код, на начин на кој тоа че го бараат реалните услови. По седум години и 42 идадени изданија проценив дека дојде тој момент на промена. Решив печатеното и електронското издание на Бар Код да го предадам во други сигурни раце, кои верувам че го продолаат издавањето на Бар Код со ист ентузијазам и квалитет како и до сега.

Се чувствувам по малку тажно, но и гордо и исполнето бидејчи во досегашното издавање на Бар Код чувствував, но и добивав реални потврди дека правам нешто корисно и добро. Знам дека дел од материјалите од Бар Код биле користени за семинарски работи на некои од македонските универзитети, што ми е голем комплимент, по мејл се уште добивам барања за претплати иако магазинот одамна не се дистрибуира по претплатници од причина што во 2011 година стана бесплатен, се уште има писма од читатели кои се полни со пофалби за текстовите...

Поддршката која за целиот период ја имав од сите соработници, огласувачи и пријатели засекогаш ќе остане едно од најубавите искуства во мојот живот. Радоста кај мене кога било кој од нив напредува и му се случуваат убави нешта ќе продолжи за цел живот. Дали чувствувам дека направив промена во угостителството во Македонија? Несомнено. Нашата мисија е успешна затоа што беше искрена и едноставна, им одговараше на сите. Нашата мисија ќе продолжи и понатаму. Верувам дека довербата на сите соработници ќе продолжи со ист интензитет како и до сега.

Рубриките ќе бидат малку изменети, поточно прилагодени, но намерите и целта ќе останат исти. Четириесет и третото печатено издание на Бар Код ќе биде со зголемен број на страни, испечатено во поголем тираа. Во него ќе има и многу реиздадени текстови од минатите броеви кои оставиле најголем впечаток кај читателите и кои предизвикале најголем број на коментари.Ќе покрива три наместо два месеци како до сега.

За крај уште еднаш од срце ја искажувам мојата огромна благодарност до сите оние кои веруваа и помогнаа во реализацијата на сите изминати броеви на Бар Код, а се надевам и понатаму ќе продолжат со ист интензитет и ќе придонесат за уште поголема популарност и влијание на магазинот во сите сфери на угостителството во Македонија.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: