Bar CODE Br.11

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Bo oвој Бар Код во кој има доста читање. Број од кој може да научите многу за се што е тренди и ново, број, кој како и сите останати изданија може да ги чувате како прирачници за во иднина. Темата на бројот е гастрономијата. Почнувајќи од нејзиното значење како област сама за себе, пре-ку нејзиното историско и национално значење за одредени земји, до практичните совети за нејзината примена.

 ÐœÐµÐ½Ðµ особено ми се допадна објаснување-то за основните начини на приготвување храна, но и превземањето на оваа, до сега типично машка об-ласт, од страна на жените. Како на угостители, веру-вам дека ќе ви биде интересен текстот и за менијата, а за оние похрабрите и текстот за молекуларната куј-на. Искрено се надевам дека ќе дочекаме ден кога и во некој наш ресторан како прилог ќе можеме да порачаме и пена од кисела зелка како предвесник на новата педо аде македонска кујна. Во овој број ќе можете да прочитате дури и неколку навистина кре-ативни рецепти за домашна подготовка, нешто што обично не го нудиме на читателите.
Понатаму, освен што ќе може да прочитате како да бидете модерни во кујната, да бидете здра-ви, пиејќи многу вода, и да живеете со стил, ќе научите и како соодветно да наздравувате. И да... не го испуштајте кафеанскиот муабет на Ацо Попо-вски..
Во наредните два месеци, до следното изда-ние на Бар Код, освен да научите нешто ново, ви пожелувам и добро да се забавувате и да ги тргнете од глава сите лоши мисли што овој период од годи-ната и светската рецесија би можеле да ви ги намет-нат.
Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: