Barcode: Barcode 37 Barcode 37 ================================================================================ baradmin on 05 June, 2013 03:24:00 Си ги чувам за мене, ги препрочитувам по неколку пати и се радувам како моите соработници искрено и со ентузија-зам обработиле некоја тема. Тоа ми се случи и овој пат. Се договоривме тема на бројот да бидат жените во угос-тителството. Се разбира неврзано за март и неврзано за ниту еден друг повод. Онака спонтано, затоа што темата е интересна. Секој од свој агол се осврна на улогата на Ве- нерините претставнички во оваа комплексна и разновид- на бранша. Историски, менаџерски, конзуметнтски и лично. Сериозно и несериозно. Првиот впечаток беше чуден.Не беше воопшто тоа што очекувавме! И покрај нашите претходни уверувања дека речиси и не постојат разлики помеѓу двата пола кога се работи за оваа тема, бидејќи, нели еманципацијата веќе воопшто и не се поставува како прашање, а и модерното време ги изедначи сите по сите основи, сепак... Излезе дека и покрај сета еднаквост и рамноправност на денешното време, се уште бројот на успешни жени во угостителството е мал. Дека угостителството е напорна работа и на прсти се бројат оние кои, прво ќе се нафатат на овој бизнис, а потоа и ќе станат навистина успешни. Гледано од другата страна, кога жените се гости и конзументи на угостителството, исто така. Точно е дека нештата се мрднати од времето на Вирџинија Вулф и Коко Шанел, но се чини дека на жените се уште им недостасува сигурноста и отсуството на грижа на совест кога влегуваат во ресторан или бар. На страна оние ситуации кога излегуваат смешни. Но тие барем им се заеднички со мажите.Малку се разочаравме, признавам, но од друга страна пак,ни се отвори интересна тема и цел за нашите активностиво иднина. Затоа заклучивме, дека од сега посебно ќе ги поддржуваме храбрите и способни жени кои сериозно ќе се зафатат со угостителство. И како креатори и како учесници односно гости(нки). Сакаме да видиме повеќе жени сопственички и менаџерки на ресторани и барови, повеќе жени кои дотерани и достоинствени ќе нарачуваат коктели по примерот на Кери Бредшо и нејзините другарки и повеќе натпреварувачки на барменските натпревари, како последниот кој се одржа оваа година и кој го обележавме во овој број. Сакаме повеќе од се, како и секогаш.