Barcode: Barcode Br.41 Barcode Br.41 ================================================================================ shaqir sulejmani on 01 February, 2014 01:16:00 Немам намера да цитирам изјави на граѓаните од телевизија кои секоја година ги слушаме како замена за поинтересни вести во овој период и затоа нема да ги аналзиирам причините за ваквата состојба. Но како и секогаш, Ќе се обидам да ви укажам на позитивната страна на ваквата ситуација. Ова е период кога можете да се свртите кон самите себе. Затоа и текстовите во овој број на Бар Код се конципирани така, да ви помогнат да се позанимавате со убави нешта и да направите нешто за себе. Се разбира, првиот традиционален чекор се секогаш диетите. Нудиме неколку текстови со преглед на најпознатите светски диети и совети за брзо слабеење, но и со утеха за оние кои не се откажуваат од своите појаси за спасување. Понатаму, ви препорачуваме уживање во храна и музика со објаснување за врската помеѓу нив. Како и секогаш сакаме да се забавувате па ви презентираме како со други очи да ги гледате празниците кои поминаа и кои следуваат, но и како странците го гледаат Скопје кога ќе го посетат на неколку дена. Коктели, информации за угостителството но и обележување на неколку позначајни настани се како и секогаш дел од редовните рубрики на Бар Код . Во чекување на пролетта ве оставаме, секој на свој начин да ужива сам со себе и да го дегустира овој број на Бар Код до следниот број во април.