Bar CODE бр.4

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Според планот, овој број на Бар Код го печатиме еден месец порано во вид на вонредно издание. Еве, пригодно, и ќе го наречеме вонредно Новогодишно издание, макар што, нескромни сме (признаваме), сметаме дека секој број на ова списание со благородна мисија за подигање на нивото на култура во угостителство е вонреден сам по себе

Според тоа и темите, како што можете да претпоставите, не се стандардни - nовогодишни, туку нудат поинаков поглед на атмосферата околу празниците. Ако стереотипот за Новогодишно издание на било кое списание во вашата свест, подразбира неколку обврзителни текстови околу новогодишното украсување, подароците, понудата и програмата со жива музика во кафе баровите и рестораните, совети за убавиот изглед, календарче и листа на сите слави и ритуали околу празниците зачинето со многу лигави пораки за убаво поминување на таканаречената Најлуда ноќ, ние, еве на почетокот, ви кажуваме дека немаме такви текстови во овој број.

Едноставно, не сакаме да бидеме лицемерни и да ви величаме нешто, што веќе следниот ден ќе ве тресне по главата, со сета своја реалност. Па дајте, ќе ве молам, каква е таа илузија, во овие луди времиња со луди луѓе, некоја стресна вечер после уште постресен период од 15 дена, да ја нарекувате најлуда или највесела? Па има ли полудо нешто од Baileys-от послужен еден месец порано, на моите двајца пријатели во еден скопски клуб во доцните ноќни часови... во лоша чаша за бело вино со една коцка мраз. Или лудите идеи на угостителите, да се потрошат еден куп пари за ентериер, а да се киксне на квалитетно осветлување, озвучување, лошо кафе и несоодветно понудено вино, со што паѓа во вода целата идеја на локалот.

Затоа, ние мозгавме, како навистина да ви понудиме информации кои нема да ве направат среќни само додека го читате текстот во предновогодишниот период, туку ќе ве научат на квалитетен пристап кој потоа ќе ве направи среќни цело време!

Направивме попис на основната барска опрема, да не биде после работата - немет ренде, собравме информации за нашата идна национална гордост - Виното (што се случува, до каде сме..), ја воведовме очекуваната рубрика за кафето, ги анализиравме различните аспекти на доживувањата во ресторан и бар, ги најдовме најпознатите реплики поврзани со пијалоците во холивудските филмови, најдовме емоции во различ-ните светлини и бои кои светат во добрите клубови, пиевме белгиски пива и јадевме баааааавно како полжави. Го признавме без срам, стресот во празничниот период и се утешивме ба-рем малку кога разбравме дека дури и во Лондон не е поразлично. За крај, нажените им порачуваме - без светки во новогодишните фризури!

Од минатиот број, за овие и сите други информации кои ви ги презентираме, знаат и Прилепчани, Битолчани, Неготинчани, Охриѓани... Им благодариме на сите кои не читаат, купуваат, дистрибуираат, огласуваат, ни пишуваат преку нашата интернет страница или барем и со убави зборови ни даваат поддршка и ни помагаат од број во број да се чувствуваме поубаво и поуверени во исправноста на нашата мисија.

За да не отиде муабетов во насоката на "I am for the world Peace”, го завршувам овој таканаречен новогодишен воведник без стандардната честитка, туку со нешто што ептен ми легна минатиот пат, и еве ќе го пов-торам - ќе ве испратам во читачкото патување на овој број на Бар Код со еден од моите омилени цитати: Успе-хот е патување, а не цел. (Success is a journey, not a destination)

Кликни за симнување на Bar CODE бр.4


Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (2 Пратено):

Vesna на 27 July, 2008 12:29:31
avatar
Jas rabotam vo gemak trade i sum i koleska na Radmila urednickata na bar code.
Sanja на 15 August, 2008 02:27:36
avatar
Ви фали овој број во .pdf, дали би можеле да го закачите, сакам да го прочитам. Фала

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: