Почетна | Почетна | СОВЕТИ ОД ПРАКТИКАТА

СОВЕТИ ОД ПРАКТИКАТА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image Зошто некои гости имаат подобар третман од другите?

Кои се тајните на оние гости на ресторани кои изгледа дека секогаш успеаваат да го прескокнат редот со луѓе и се одведени до најдобрата маса на куќата? Како тие добиваат толку добра услуга, додека другите мораат да чекаат цел век за својот оброк, кој кога ќе пристигне е само половина зготвен и одвај топол? Има начини за да се максимизираат вашите шанси за да станете еден од тие редовни муштерии кои се пречекани со отворени раце.

ПРЕД ДА ПРИСТИГНЕТЕ

Дури и најуслужливиот менаџер на ресторан е под стрес од резервации во последната минута. Обидете се и навикнете се повеќепати да се најавувате во вашиот омилен ресторан кога се јавувате да резервирате маса.
Кога ќе се јавите, претставете се, ставете им на знаење дека веќе неколку пати сте биле и дека сте биле воодушевени од храната како и од услугата. Ќе бидете изненадени колку малку луѓе се трудат да го направат ова. Сите цветаат кога ќе добијат малку пофалби – дури и најтврдокорните менаџери, така што немојте да се плашите да подарите малку искрени комплименти.
 
Кога ќе воспоставите чувство на однос преку телефонот, кратко објаснете ја природата на вечерта на која сакате токму тој ресторан да биде домаќин. Дали е роденденска вечера, изненадување или вечера за запознавање на родителите на вашиот партнер? Дозволете менаџерот да знае нешто околу вашата приватна страна на посетата и колку ви е важно се да оди како подмачкано.

Извлечете ги неговите совети каде е најдобро да седите. Премногу редовни гости на ресторанот се јавиле барајќи ја најдобрата маса, а кога ќе пристигнат ќе забележат дека добиле маса веднаш до тоалетот или до бучната кујна. Внесете го менаџерот во вашата ситуација и тој најверојатно ќе има повеќе желба да ви излезе во пресрет.

НА ПРИСТИГНУВАЊЕ

Апсолутно е неопходно кога ќе пристигнете да изгледате како да сте навикнати да добивате добра услуга. Ако знаете дека изгледате во вашето најдобро светло ќе имате повеќе самодоверба и расположение. Блескав изглед му става на знаење на персоналот дека вие сте успешна личност која бара да биде третирана со почит. Што ќе носите, нормално зависи од формалноста на ресторанот и каде одите потоа, но доброто правило гласи: подобро е да сте предотерани отколку недотерани.

Внимавајте љубезно да се поздравите со менаџерот, претставете се и потсетете го дека зборувавте на телефон во врска со вашите барања за вечерта. Кажете му повторно дека намерно сте го избрале неговиот ресторан како место за вечерта бидејќи сте биле таму претходно и сте биле импресионирани од квалитетот на храната и услугата.

Прашајте го дали успеал да ja обезбеди масата за која разговаравте и кога ќе ве доведе кон договорениот избор бидете грациозни и љубезни, но не се понижувајте. Запомнете дека персоналот во ресторанот ќе ве служи добро доколку ве почитува, не ако ве сожалува.

КЕЛНЕРИТЕ И КЕЛНЕРКИТЕ

Откако ќе седнете на масата по ваш избор морате да бидете подготвени да се справите со следното ниво на персоналот во ресторанот: келнерите и келнерките. Повторно, далеку најпродуктивниот пристап е да бидете љубезни и шармантни. Кога келнерот ќе ви се приближи гледајте го во очи, насмевнтете се и прашајте го како е.

Слушајте ги неговите препораки, чувствувајте се слободни да поставувате прашања за храната или виното и заблагодарете му се на помошта. Кажете благодарам секој пат кога ќе донесе нешто на масата. Запомнете, келнeрите имаат напорна работа и ја заслужуваат вашата почит и љубезност.

Ако бидете учтиви и пријатни на служењето имате големи шанси да решите некои потенцијални поплаки кои можат да се појават. На пример сте нарачале три јадења, а ви донеле само две. Ако го прашате вашиот нов пријател – келнерот дали ќе му пречи да провери каде е третото, многу веројатно ќе ви биде донесено топло на масата за една минута придружено со учтиво извинување поради доцнењето.

Како и да е, ако зборувате со презир со келнерот и одвај сте направиле контакт со очите, за секој мала грешка или задоцнување сигурно ќе биде потребно подолго време да се поправи. Во ова сценарио, келнерот не се грижи за вие да добиете добра услуга бидејќи лошо сте се oднесувале со него.
Исто така важен  е и бон тонот при напуштањето на ресторанот. Без објаснување е јасно дека давањето великодушен бакшиш е најбитно. Но, направете поен плус заблагодарувајќи му се на келнерот за одличната услуга. Фразата „пренесете му ги моите комплименти на готвачот“ не е изветвено клише, иако кај нас е реткост,  туку урбан начин да се осигурате дека сите вклучени во вашета пријатна вечер ќе ја добијат благодарност што ја заслужуваат.

Природно е, исто така, да му кажете на менаџерот дека сте поминале прекрасно и да му ставите до знаење дека тој имал важна улога во вашата одлична вечер. Кажете му дека ќе се вратите наскоро за повеќе одлична храна и услуга.

Ако направите таков шармантен излез многу веројатно дека ќе бидете сместени на маса по ваш избор и ќе добиете одлична услуга секој пат кога ќе го постетите ресторанот.

Ramka:
Завршениот оброк најчесто значи и крај на вашето право на масата. Голема чаша вода која постојано ќе ја надополнувате само за да го зачувате вашето место е во најмала рака непристојно однесување. Па така, пред извесно време во еден скопски ресторан четири сосема пристојни дами непречено уживаа во луксузно сепаре. Кога ги изедоа последните залчиња, ја платија сметката, но и покрај тоа продолжија да седат таму повеќе од еден час разговарајќи и пиејќи вода. Ова ќе беше прифатливо некој друг пат. Но, она што овој пат тоа го направи неприфатливо беше фактот што 20 луѓе чекаа за маса на влезот. Конечно келнерката им објасни на дамите дека мора да заминат. Сите четири имаа некоја забелешка околу тоа, но брзо го напуштија локалот. Прифаќањето на забелешката и мирното напуштање на ресторанот без коментирање и вулгарни придавки ќе беше вистинскиот однос од гости со добри манири. Плаќањето на 200 денари за ручек никому не дава право на маса за цел ден.
Ова правило важи и кога рестораните затвораат. Персоналот има живот и надвор од ресторанот. Ако веќе минало времето за затворање и персоналот расчистува, тоа е добар сигнал дека треба да се подготвувате за заминување.
Секако, кога е happy hour и кога местото има бар, чувствувајте се слободни да останете онолку долго колку што сакате се додека нарачувате пијалок. Ако чувате едно пиво два часа најверојатно е време да ја препуштите масата на некој друг.

 

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: