Почетна | Списание | КАФЕАНСКИ МУАБЕТИ СО АЦО ПОПОВСКИ

КАФЕАНСКИ МУАБЕТИ СО АЦО ПОПОВСКИ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image кафеански муабети со ацо поповски

Бар Код: Каква е вашата генерална оценка за кафе баровите, дискотеките и, клубовите и рестораните во Македонија? Немам генерални оценки. Малку ми е коплицирано вака на купче кога ќе ми ставиш се. За мене е многу важен просторот. Да бидам искрен ми се чини дека ми е поважно да ми е убаво каде што седам, дури поважно од тоа што конзумирам. Знам дека гастрономските стручњаци ќе ме презрат за оваа изјава, ама вкусот ми е на второ место. Затоа често налетувам на лоша храна или сомнителна пијчка. Сакам да сум во пријатен простор.

Бар Код: Сте помислиле ли или дали сте добиле желба за отварање на свој ресторан, и ако да со каков концепт?

 Ако ти кажам не, што би одговарало на вистината би ти дал едноставен и вистинит одговор кој освен искреност не нуди ништо ново како информација. Затоа благо ќе излажам и ќе речам да. Од секогаш мечтаев за сопствен ресторан. Како младо војниче ме пратија да бидам кувар. Така го изучив занаетот во касарната во Љубљана и се стекнав со куварска доктрина која сега ми дозволува да напаравам јајце на око, а да не ми се разлее жолчката и јадењето да не ми се вика кајгана. Значи тој ресторан би готвел само она што моите вешти прсти умеат најдобро да спремат. Ова е по урнекот на едно ресторанче во Лисабон, кое се наоѓаше на излезната капија од градската мртовечница. Одма од лево. Тука беше ресторанот на мама ( е сега следува некое традиционално португалско женско име, кое јас го заборавив). Таму јадев секој ден риба подготвена на еден начин. Жената го знаеше само тој и не и требаше друг, оти беше совршен. Ресторан само со едно јадење. Едно, ама вредно. Ете таков ресторан би отворил.

Бар Код: Кога сме кај познатите, што мислите, дали е потребен посебен (ВИП) локал за познатите во Скопје?
 
Ма не дај боже! Само уште тоа ни фали. Локал за познати? И онака има премногу простор за познатите личности што мислам дека секаков додатен простор само би ни донел додатна непријатност на нас анонимните граѓани од метроплолата. За познатите би требало да се направи кантина. Онаква со послужавник и со одење на искачање да си го оставиш послужавникот со дојадената чинија  кај едно типче. Да мириса на манџа, кога ќе искочат да се познаваат по миризбата дека биле во кантина. Нема врска, и онака сите мирисаме на ќебачиња. Глуп ми е предлогот.

Бар Код: Која е вашиот впечаток за угостителството во Македонија?

 Јас сум многу лош муштерија. Досадно ми е да седам и да јадам. Никогаш не ми биле јасни луѓе кои можат да седат во ресторан со саати. Како мал можев да јадам само под услов баба ми да ми чита стрипови. Кога работев во Грција побудалував затоа што екипата седнуваше после проба во реторан и станувавме после неколку саати. Затоа и мојот став кон угостителството во Македонија ќе го сметам за нерелеватен. За да ми биде убаво треба некој да ме забавува,  а угостителите си имаат друга работа, не да се замараат со мене. Еднаш ми беше супер во  Трпеица, во ресторан Кале. Не доле покрај езерото туку горе. И ми беше убаво во Тоскана ресторанот, затоа што Влатко таму ми раскажуваше се што подготвува за јадење и како треба да ми биде додека јадам.


Бар Код: Кој тип на храна го преферирате?

 Морска. Сакам Риба. Октоподи, лигњи, школки...Еднаш јадев во Рим во еден ресторан едно рижото со морски плодови и за прв пат почувствува како ми лачат жлездите нешто нејасно прекрасно.

Бар Код: Каде досега сте јаделе најлоша храна?

Во Венеција. Јадев пица. Мислам дека ја изедов чизмата што ја јаде Чаплин во филмот Златна Грозница. Ништо поневкусно во живот немам пробано.

Бар Код: Каква храна недостасува во рестораните во Скопје?

Чудна. Сакам да пробам различни работи.

Бар Код: Од каков пијалок досега се имате највеќе опијането?

 Не знам дали уште се произведува. Во мое време се викаше Векија. Не сум сериозен алкохоличар, пијам педерски пијачки. Пиво пијам само со јадење, на голо уште ми горчи. Вотката ја сакам сечена. Може Џони Вокер и понекогаш ракија на лута рана. Најдобро ми е со црно вино.
Бар Код: Верувате ли во храна како афродизијак или како сексуална предигра?
Имам се палено на храна ехехехеее. Шо афродизијак имам изедено ме носеа у болница на испирање на стомак. Ние сме генерација растена на Деветипол недели. После таа сцена меѓу Мики Рурк и Ким со фрижидерот, цело друштво се поправи по неколку кила. Редовно си ја пробавме сцента по неколку пати во неделата. После додуше се испоразболевеме, кој од настинака кој од дијареа.
Верувам во храната како афродизијак и како сексуална предигра, како што верувам дека земјата се врти колу сонцето. Ете на пример, тоа би било убаво да се развие по нашите угостителски објекти. Сексуална предигра. Си доаѓаш, сексуално си се подготвуваш и од тука секој по дома или каде ти е афинитетот(Водно, канцеларија, лотарија...)ја поддржувам оваа идеја со двете мои раце и со целото мое битие.

Бар Код: Имате ли омилен коктел, кој?

Мохито и Куба Либре што ги правеше барменот шти ти го покани на мијата забава во двор.

Бар Код: Која храна ви е најкомплицирана за конзумирање?

Не можам да јадам храна со стапчиња, сум пробал, но никогаш не се извештив во тоа.

 

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: