Почетна | Списание | Пивото и жените - Колку жените знаат за пивото?

Пивото и жените - Колку жените знаат за пивото?

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

На светот има повеќе жени отколку мажи. Но, за голема жал на пиварниците, тие се во многу помал број од мажите кои пијат пиво, бидејќи преферираат вино, овошно ароматизирани и слабо алкохолни пијалоци и овошни сокови.

Зошто е тоа така? Дали е последица на семејното воспитување во кое мајките ги предупредуваат своите ќерки дека добро воспитаните девојки никогаш не пијат пиво? Но и да би било тоа така, знаеме дека сите такви совети кај тинејџерките делуваат сосема спротивно, кои од принцип ги игнорираат родителските совети.

Ако се земе предвид фактот дека пивото отсекогаш се сметал за народен пијалок, да не кажеме селски, или пијалок за широки народни маси, дека некогаш го пиеле претежно физичките работници, а денес е омилен пијалок и на спортските фанови, и дека и едните и другите го конзумираат во огромни количини, па може ли тоа да им биде привлечно на жените?

За таков впечаток сигурно дека не им помагаат ниту многубројните ТВ спотови кои воглавно повикуваат на машко дружење или уживање на пиво на пикник, на забави или гледање на некој ТВ пренос. На таквите реклами жените се декорација. Но од друга страна постојат и земји во кои пивото се смета за фин и отмен пијалок, каде секое пиво се служи со своја оригинална брендирана чаша па изгледа уште поотмено. Се разбира станува збор за Белгија. Значи како да ги натераме нашите сограѓанки да пијат пиво без скапи повеќемесечни туристички пракси во Белгија и други западно европски земји?

Заборавете го стереотипот според кој пивото е машка работа и која вели дека местото на жените кога се зборува за пивото е само во рекламите, каде мора да бидат згодни, плави, раскошни и насмеани, и со тоа да го привлечат машкиот свет и наведат на што поголемо конзумирање на пиво. Во не-кои делови од светот жените денес се повеќе и повеќе пијат пиво, стануваат релевантен фактор во потрошувачката на пиво.

Поради тоа и рекламните стратези го менуваат концептот на пивската пропаганда, бидејќи таа се повеќе е насочена кон жените, како целна популација и задача е да ги натера и жените да пијат што повеќе пиво. Сега жените во рекламите не нудат пиво и не ги повикуваат влакнестите мажи со својот нежен показалец, туку и тие порачуваат пиво за себе и за тоа во друштво со своите пријателки компетентно расправаат. И натаму во рекламите пивото и жените се добитна комбинација, но сега жените им се обраќаат на жените.
Најновите истражувања покажуваат дека продажбата на пиво кај жените е во силна експанзија, дека во Америка жените сочинуваат четвртина од пивската популација, а најмногу љубителки на пивото наоѓаме во старосна граница од 21 до 30 години. Во пораст е и потрошувачката на пиво кај 50 годишните жени.

Жените кои пијат пиво се категорија со многу барања. Тие не се задоволуваат со едноставни решенија, туку од своето пиво бараат многу повеќе  од вкус, повеќе комплексност, повеќе овошни ароми, но и помалку калории и јаглехидрати. Пред се, жените сакаат пиво со повеќе стил и карактер. Истражувањата покажале дека жените сакаат пиво во „лајт" верзија со помалку алкохол. Од традиционалните видови по-себно го сакаат белгискиот ламбик стил, германскиот хефе вајс, и американскиот лајт ејл.

Поради тоа производителите на пиво во некои делови од светот постојано креираат нови видови на пиво, прилагодени по вкусот на женските конзу-менти, но настојувајќи истовремено да го задоволат и вкусот на мажите. Резултатите досега и не се баш некои. И конечно самите производители улогата на жената во рекламите си ја сфатиле сосема сериозно и сега се тие поугледни, светски, женствени . Ако се потсетиме од старите текстови ќе увидиме и тоа дека пиварството и порано било работа на жените и биле рамноправни со мажите или доминирале.

Во Стариот Египет, во времето на фараоните, пивото го правеле жените. Во средниот век и во раниот нов век, во делови од Европа правото на правење на пивото се пренесувало по женска линија, и дури во инду-стриската револуција, кога почнало масовното про-изводство на пиво, улогата на главни пивари ја превземаат мажите. Денес се повеќе жени се враќаат во пиварскиот бизнис, т.е ги водат работите во пиварниците, а да не зборуваме за продажба и маркетинг, пивото во таа смисла значи се враќа и таму од каде што претходно тргнало - во рацете на жените.

Дека тоа не е случајно ќе се вратиме повторно назад во историјата. Од египетската митологија дознавме дека изумот на пивото се припишува на божицата Хатор, кралицата на пијанството и танцот, преку Финците по чии преданија тоа го правеле три жени - Осмотор, Капо и Калеватар, па преку средниот век во кое приборот и алатот за правење пиво бил во рацете на жените. Најнова потврда за тоа е и формирање на првиот дамски пиварски клуб, на здружението на чешки жени,. кои се собираат и со пиво ја уредуваат нивната пивска страница на интернет, на која главна тема е културата на пивото.

Од нивно гледиште е и една анализа на Зузана Довичанова, која на чешкиот докторски портал вели:
Пивото кај нас спаѓа во традиционални пијалоци. Омилено е поради својот посебен вкус, поради понискиот процент на алкохол и поради тоа што е иде-ален пијалок за друштво. При тоа пивото се смета за исклучително машки пијалок. Но фактите се поинакви.

Човекот има до десет илјади рецептори на вкус, но кај мажите и жените не се сите еднакво активни и не предизвикуваат исто чувство на вкус. Повеќето жени поинтезивно го чувствуваат слаткиот вкус, а помалку односно со помало уживање имаат на горките и лути вкусови. Тоа е и причината поради која мажите повеќе ја сакаат пивската горчина. Жените пак затоа повеќе сакаат темни, карамелизирани, односно послатки пива. Истовремено, на жените им е важен и мирисот на пивото, но тоа не значи дека горчината им е непријатна, само таа не им претставува такво уживање како кај мажите. Статистиката вели дека пивото го конзумираат 79 % од мажите но и 45 % жени.

ДАЛИ ЖЕНИТЕ ПОРАДИ ТИЕ СЕНЗОРИЧКИ ПРЕДИСПОЗИЦИИ СЕ ПОДОБРИ ДЕГУСТАТОРИ НА ПИВО ОД МАЖИТЕ?

Дегустацијата на пивото има правила кои не се ра-зликуваат од правилата на оценување на другите пијалоци. Кај пивото се оценува пред се изгледот, пената, мирисот, вкусот, бојата. Дегустаторите мора да ја поминат основната обука за проценка на сетилата, во текот на која ќе ги научат да ги идентификуваат основните типови на пиво. Се покажало дека жените се подобри дегустатори на пиво од мажите и дека оние кои не пушат и пијат поголеми количини на тежок алкохол се во состојба подобро да ги идентификуваат ознаките на разните вкусови на пивото.
Едно од класичните прашања е можат ли трудниците да пијат пиво. Докторите генерално не препорачуваат алкохол на жените кога се во бремена состојба, поради тоа што тоа може да го оштети плодот. Поради тоа кога станува збор за бременоста, не постои ни правило на умерена конзумацијаво фаза бременост едноставно не треба да се конзумира ништо што содржи алкохол.


КОЛКУ ЖЕНИТЕ ЗНААТ ЗА ПИВОТО?

Оние кои ја познаваат историјата на пиварството, ова прашање може да им изгледа непотребно. Зошто? Затоа што жените:
• веројатно го измислиле пивото
• во семејството биле задолжени за неговото вриење
• за целото семејство со векови го подговтувале пивото како вредна јаглехидратна намирница, која се нарекувала течна храна
• и денес се значителен дел на стручната работна сила во пиварниците.
И покрај се, повеќето од нашата женска попула-ција знае малку за прехрамбената и здравствена вредност на пивото.


ДЕБЕЛИНА, КАЛОРИИ И ЗДРАВЈЕ

Од овој аспект пивото е помалку штетно за разлика од другите пијалоци. Ниту едно пиво не содржи ниту масти ниту холестерол, а неговата калориска вредност, уважувајќи го учеството на алкохолот и екстрактот, е незначително поголема отколку виното, а помала од повеќето коктели и овошни сокови, кои содржат шеќер, а жените обично ги пијат.

Значи без страв од дебелеење пивото може да се пие многу повеќе од другите пијалоци но сепак да е во рамките на дневно препорачаната доза. Сите нутриционистички табели покажуваат дека пивото не содржи само непотребни калории, туку и значително учество на витамини, посебно оние од групата Б. на пример фолат или фолната киселина (витамин Б9) кој често недостасува во нашата исхрана, нуди заштита од кардио васкуларните болести,и веројатно рак. Препорачлива дневна доза на пиво содржи 20 пати поголем удел на фолат од адекватната доза на вино. Според тоа препорачлива количина на пиво задоволува до 45 % дневни потреби со витамин Б9.

Антицијаногените се фенолни споеви од сладот (јачменот) и хмељот,а делуваат како антиоксиданси и ”фаќачи" на слободните радикали, па имаат исто благотворно влијание на здравјето на потрошувачот како и со црното вино. Но постои уште една многу важна состојка која го зема вниманието а тоа е силициумот. Пивото содржи повеќе биолошки искористлив силицум отколку било која друга намирница. Силициумот има важна улога во зголемувањето на густината на коскената маса во телото. Типично дневно внесување на силициум е околу 30 мг. а во пола литар на пиво има 10 мг. Пивото ги обединува двата пожелни фактори од една страна алкохолот ја смалува респорпцијата на коските, а од друга страна прави силициумот да ја поттикнува изградбата на коските. За жените тоа е посебно важно, бидејќи ја смалува опасноста од остеопороза во староста, а истражувањата покажуваат силна врска помеѓу пивото и цврстината на коските.

КОРИСНИ АСПЕКТИ ОД УМЕРЕНОТО КОНЗУМИРАЊЕ НА АЛКОХОЛ

Умереното конзумирање на алкохол има некои корисни аспекти како за мажите така и за жените. Пример е главната заштита од срцеви болести. Таа заштита посебно е важна за постарите жени, бидејќи опасноста од срцев удар драстично се зголемува после менопаузата. Втор пример е зголемување на густината на коските кои штитат од остеопороза и слабост на коските. Исто така новите истражувања сугерираат дека умереното конзумирање на алкохол може да ја намали опасноста од дијабетис тип 2 и деменција, што се се почести појави во развиенте западни земји. Но секако најинтересно откритие е дека умереното конзумирање на алкохол може кај жените да предизвика и слабеење. (т.н алкохолен пара-докс)

Имено востановено е дека жените кои умерено пијат во правило се 15 % послаби од апстинентите, а веројатноста да се здебелат кај нив е помала. Најновите истражувања спроведени во Германија врз основа на одредување на индексот на телесна тежина, потрвдуваат значитлено смалување буцкастите жени меѓу оние кои умерено пијат. Уште не е познато зошто е тоа така, но се претпоставува дека алкохолот предизвикува некои корисни промени во метаблизмот на шеќерот. Парадокс или не изгледа дека умереното конзумирање на алкохол е корисно за здравјето и изгледот на жените.

ШТО Е УМЕРЕНА ДОЗА ЗА ЖЕНИТЕ?

Алкохолот секако спаѓа меѓу оние работи кои во мала количина може да се лекуваат а во голема може да бидат и смртоносни. За жал, сеуште не постои единствена дефиниција на ”умерена' количина на алкохол, бидејќи таа зависи од климата, обичаите, полот, Така на пример во Франција под умерена се смета околу 60 гр етанол на ден, а во Велика Британија 24-32 г на ден. Сепак постои концензус дека за жените мерката за умерено конзумирање е пониска, па во повеќето земји се движи од 16 - 24 гр етанол на ден. Кога се зборува за пивото тоа одговара на волумен од 0,3 до 0,5 л пиво ке содржи 5 вол% етанол. За виното со 10 % алкохол тоа е 0,15 до 0,20 л односно 40-60 мл жесток алкохолен пијалок. Имено женскиот организам не го метаболизира алкохолот така влијателно како мажите па концентрацијата на алкохол во нивната крв е поголема отколку во крвта кај мажите, ако испијат иста количина на вино или жесток пијалок. Затоа жените побргу и полесно се опиваат од машките иако секако дека постојат и исклучоци. Но тоа секако не се однесува и за пивото.
Во секој случај, освојувањето на жените како потенцијални потрошувачи на пиво не е лесна, ниту едноставна и брза работа. Сепак се чини и остварлива кога барем дел од маркетиншките средства кои се трошат на задржување на досадните машки потрошувачи насочил кон привлекување на многубројната женска популација.
(Извор: Beer in Health and Disease Prevention, Victor R. Preedy)

КАКО ШТО Е ДЕГУСТАЦИЈАТА НА ВИНОТО, И ДЕГУСТАЦИЈАТА НА ПИВОТО ИМА СВОИ ЗАКОНИТОСТИ

ДАЛИ СТЕ СИГУРНИ ДЕКА ЗНАЕТЕ ДА ПИЕТЕ ПИВО? ДЕГУТСТАЦИЈА:

1. Просторијата во која ќе го дегустирате пивото би требало да биде доволно осветлена со што би сте ја оцениле бистрината и бојата на пивото. До вас не би требало да допираат никакви надворешни мириси.

2. Чашата во која се става пивото мора да биде совршено чиста без гребнатинки и доволно голема за да во неа го собере и вашиот нос додека дегустирате. На тој начин најдобро ќе го почувствувате и мирисот на пивото.
2011    јуни-јули    130Ѓ     11
 
3. Пред дегустацијата не јадете силно зачинета и мрсна храна. Исто така не користите и афтер- веднаш испитајте го мирисот (слично како и кај схаве лосиони, парфеми, кармин за усни и дру виното). Имено, многу ароматични состојки на пиги козметички препарати. вото испаруваат многу бргу во допир со воздухот.
 
4. Пред отварањето, проверете го и рокот на траење на пивото, како и дали има талог во шишето.

5. Почувствувајте го шишето! Се разбира, пивото мора да биде изладено на соодветната температура, но ни тука не треба да се претерува. Идеална температура за пивото се движи помеѓу 22-25 степени Целзиусови.

6. Кога го отварате шишето обратете внимание на количината на пената и како реагира јаглерод диоксидот при отварањето.

7. Кога го точите пивото пуштете го само да се пролие низ внатрешноста на чашата. Дури откако сте исполниле отприлика две третини од чашата можете да го исправите шишето со што на крај би сте добиле и пена. Со пивото секогаш мора да оди и пената, а истата мора да се прелева и преку работ на чашата.

8. Кога веќе сте го наточиле пивото во чашата веднаш испитајте го мирисот (слично какои кај виното). Имено многу ароматични состојки на пивото испаруваат многу бргу во допир со воздухот.
 

9. Отпијте една поголема голтка. За разлика од виното пивото се пие во поголеми голтки и усната шуплина мора да биде полна. Почувствувајте го и споредете односот помеѓу температурата, аро-мата и степенот на пената.

10. Никогаш не го матите пивото во устата!!! Само оставете да помине низ вашиот мев. Причекајте 15 тина секунди и повторно обидете се да го одредите вкусот на пивото после голтката. Дали е сладок или сув: Се задржува во устата или бргу исчезнува?

11. Уште еднаш помирисајте го пивото. Некои ароми доаѓаат до израз минута до две после отва-рањето на шишето. Потоа повторно испијте една добра голтка и спредете ги резултатите со оние од почетокот на тестот.

12. За да ги „ресетирате” своите сетила кои учествуваат во тестирањето на пивото, доволни се несолени крекери или обичен леб.



 

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: