Почетна | Списание | Најискрените новогодишни желби

Најискрените новогодишни желби

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Драги читателки и читатели,Отворено да си направиме муабет за новогодишните желби. На прагот на секоја Нова Година, после една длабока интроспекција за тоа кој сте, каков сте и што мајка барате овде, отворате тефтер и смислувате една цела листа на работи

кои ќе ве направат подобар човек во следната година. И така, безуспешно минуваат цели 365 дена за да сфатите дека целите или преамбициозно сте ги поставиле или пак сте биле премногу пасивни. Оваа година, не планирајте ништо. Едноставно, препуштете секој нов ден да ве одведе на подобро. Или пак, одберете подолу на која категорија припаѓате и изнасмејте се пред да се спојат сказалките.

За пијаниците
- Ќе пијам само два пати во годината, за роденден и кога нема да ми биде роденден
- Рационално ќе ја планирам иднината-пивото секогаш ќе го купувам пред забраната за продавање алкохол после 19 часот
- Да положам цвеќе во вечниот дом на Amy Winehouse и Јanis Joplin
- Оваа година вртам нов лист, не ни мезам више
- Првите три пијачки веќе не ги бројам
- Нема да мешам смедеревка со жолта
- Не сум алкохоличар бе, ако пиеш Фанта тоа значи дека си Фантастичен?

За плавушите
- Годинава длабоко ќе се засегнам за глобалната економска криза и падот на еврото
- За во град ќе гледам да излегуваме повеќе од 17 другарки, бидејќи не пуштаат под 18
- Ќе се правам дека сé разбирам и редовно ќе ги користам зборовите "впрочем",  "евентуално" и "имено"
- Имено, ќе се чувствувам многу поевентуално и покрај тоа што средината има впрочем друго мислење за мене
- Морам да ослабам. Нема да ја делам пицата на 8 парчиња - многу ми се, туку на 4

За дебелите
- Добро, еве ќе пробам "смуди", има со прасечко?
- Ќе се запишам на масажа
- Ќе одам пешки од дома до автомобил
-  Ќе јадам повеќе сарми, од напор при голтање се правеле стомачни мускули

За мрчаторите
- Што и да посакам за следната година е џабе
- Ќе запишев магистерски студии, ама тоа и така не се цени
- Откако ќе се разбудам во 12 и ќе го ажурирам мојот статус на ФБ за ужасните социо-економски услови, ќе појдам до кафич за да испијам едно лошо подготвено кафе

За интелектуалците
- Ќе ги рекапитулирам инсинуациите околу мојот можен ангажман во било каква форма на медиокритетни социјални ќелии
- Нема да се занимавам со дезинхибиции на волево-нагонските динамизми
-  Ќе си земам од оние шалчињана како марамата на Јасер Арафат. Треба да ја преиспитам и рамката на очилава

За старите моми
- Ма не идам веќе на депилација на мустаќи
- Што сум ја крива што сум најбоља и што маж за мене не се наоѓа. Ќе запишам докторат
- Е ќе се мажам, така за инает

За хипохондриците
- Редовно ќе одам во Солун, имаат најубави Аптеки
- Птичји грип, свински грип, шап и лигавка-зимово ќе мора да се одседи дома
- Крвна слика ќе правам секој први во месецот
- Никако поздравување без ракавици

За зависниците од социјални мрежи
- Да ги инволвирам подобро пријателите од социјалните мрежи во мојот личен живот преку редовно твитање и ажурирање на мојот ФБ статус за: пукнатата цевка во купатило, скинат чорап, ретко зготвен грав, брачните проблеми на комшијата, пмс, дијареа на малиот

За политичарите
- Да појдам до пазар, да излезам на 2-3 интервјуа и ти жено прибери се идат локални избори
- За секое деветто дете I-pad и што ќе се напие невестата
- Многу ми се шетаат младиве по мини сукњи! Алооо! Дајте една кампања за реперкусиите од мини сукњи
-  Не вработувам веќе соработници со IQ над 140, овој економски раст не може да се носи со регионалните пазарни сили
- Време е да почне да се размислува за Скопје 2018

За угостителите
- Ќе си купам ренде за шопска
- Ќе придонесам кон подобра интеракција меѓу гостите со тоа што на масите ќе оставам по пола мени, па нека се договорат со другата маса кој која половина да ја гледа
- Ќе направам нова промоција "кој најде повеќе од две парчиња лосос во истоимената салата-следува автомобил Нисан"
- Ќе честам бесплатно еКспресо со секој оброк над 1500 денари
- Добро еве ќе пуштам годинава душа, ќе го сменам менито, ќе ја живнам атмосферата и ќе си ги засакам гостите малце повеќе од профитот

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: