Barcode: Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2013 Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2013 ================================================================================ shaqir sulejmani on 13 December, 2013 11:33:00 Истражувањето беше спроведено во периодот од 01.10 – 31.10.2013 година. Беа опфатени 50 ресторани и 50 гостилници во Скопје. Изборот на ресторани и гостилници беше направен од страна на координативното тело на проектот. Најдобрите угостителски објекти се избираат по пат на Ñ‚.н. mystery shopping, односно преку директна посета од страна на независни и објективни тајни купувачи/гости кои го истражуваат и оценуваат квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми. Тајните гости се обични граѓани на различни возрасти со кои SWOT Research има редовна соработка и кои се обучени според светските стандарди на MSPA. Спроведени беа вкупно 300 посети - по 3 посети во секој угостителски објект. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на Градот. Испитувани стандарди Прв контакт - (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување) Хигиена на објектот - (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени) Тоалет - (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување) Амбиент - (осветлување, температура, миризба, музика) Услуга на келнерите - (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување) Општа услуга - (асортиман, адекватно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка) Квалитет на храната - (свежина, количина, вкус) Завршен контакт - (заблагодарување и отпоздравување) Добитници за 2013 година Ресторани Гостилници Лира Гезме кај Тумба Сушико Капка Гурмет Дариа