Почетна | Списание | Тhe king of the bar

Тhe king of the bar

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Зборот бармен е еуфемизам за шанкерски професионалец. Овој термин се употребува се повеќе и повеќе, бидејќи има неутрално значење и се однесува и на мажи и на жени. Термините шанкер и шанкерка се исто така во употреба.

Можете ли да си го замислите денешниот свет без барови, шанкови, ресторани и диско клубови? Можете ли да замислите дека ги нема овие места за забава? Секако дека не.
Шанковите и причините за конзумирање на алкохолни пијалаци се дел од човечките животи стотици години наназад. Постои голема разновидност карактеристична за практицирањето на оваа забавна страна на животот. Од happy hour, моменти за релаксација по напорен работен ден, до лудо и долго опивање од вечер до утро. Дел од луѓето постојано и задоволно уживаат на овој начин, друг дел, поскромно, но исто така ужива во барски забави.

Некои барови се и историски славни. Таков пример е Харрѕ’с Бар во Њу Јорк за кој имаме пишувано во изминатите броеви на Бар Код. Од овој познат локал потекнува и светски познатиот пијалак Блоодѕ Марѕ. Сигурни сме и дека сте ја гледале светската класика, филмот Казабланка во кој е прикажано кафуле со голем шанк на средиштето од кој се служат богати коктели. Ја паметите тогаш и атмосферата на изобилство од книги и новели во ова кафуле. Атмосфера која преку колоритноста, разновидноста и интересниот начин на приготвување на коктелите им донесе голема популарност на професионалните шанкери.

Во некои книги е забележано дека модерната верзија на денешните шанкови датира од 1800 година во САД. Според други прибелешки пак, шанковите прв пат се појавиле еден век порано, во 1700 година. Во Европа, во тој период, таверните имале дрвени или метални шанкови направени по должина како пултови за заштита од паѓање на муштериите по конзумирање на прекумерна количина алкохол.

Ако подразмислиме малку, ќе дојдеме до заклучок дека шанковите постојат исто онолку време колку што постојат и алкохолните пијалаци за кои пак се знае дека се произведуваат и продаваат во светот уште од античко време.
Со тоа, доаѓаме и до појавата на шанкерите. И, ако некој воопшто си замислува дека шанкерската професија се состои само во следење на рецепти за коктели од книги, во голема заблуда е. Обврските на еден професионален шанкер го надминуваат просторот на шанкот и вклучуваат активности од чистење на подот, преку полирање на чашите и другиот прибор, до работење на компјутер. 

Покрај тоа, на претходно наведените, им се придодава уште една обврска. Шанкерите мораат и да препознаваат и проценуваат кај гостите каде преминува границата од уживање во преумерено конзумирање на алкохолни пијалаци. Овие работи ја чинат разликата меѓу тоа како се гледа на професијата шанкер и свесноста за мисијата на шанкерството.
Како професионален шанкер, многу брзо ќе сфатите дека луѓето денес инсистираат и бараат подобри продукти и висококвалитетна услуга. Професионалците го знаат овој податок. Токму затоа им е потребна добра обука, тренинг и огромна вештина. Тие мора да имаат и да дават информации за пијалаците што ги нудат.

Токму поради се што досега прочитавте, ве повикуваме да се запознаете и да споделите идеи со нас за “Шанкерскиот прирачник”.
Намера ни е да отвориме дискусија и да придонесеме за поголема почит на оваа професија со што ќе се подигне и нивото на квалитетот на услугите. Сите знаеме дека професијата шанкер претставува одлична иднина за секој што ќе и се посвети себеси со чувство за одговорност и посветеност. 
Се надеваме дека веднаш ќе се нурнете во овие страници и дека ќе се подготвите за предизвикот да станете најдобар шанкер на сите времиња.

ШАНКЕР

Професионалната кариера - шанкер, нуди голем број можности. Можете да почнете како помошник во кујна и да научите многу нешта пред да му се посветите на шанкерството. Има многу важни функции врзани за еден шанк: оваа професија не е само за оние што знаат да жонглираат со чаши и шишиња, или за оние кои се сметаат за магионичари и знаат да приготват магични напитоци
Шанкерската кариера може да ви овозможи одлична шанса да станете добро обучен професионалец кој знае да се носи со професијата до перфекција и кој работи добро во тим, повторно во лов на перфекција.
Шанкерот знае дека со добра работа создава забава и уживање за гостите и поради ова е горд на она што го работи. Тој е исто така свесен за тоа дека неговите обврски бараат посветеност, тренинг, информирање и одговорност.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Не е доволно само да се извршуваат задачите. Праксата покажала дека посветувањето на екстра енергија во она што го прави, му се исплати на шанкерот.

На шанкерот му е потребно изобилство од информации и вештини ако сака да подготвува пијалаци и да ги служи правилно и одговорно. Можеме да ги сумираме есенцијалните компоненти за успех во оваа професија како:
Трпение  Вежбање  Издржливост
Да се биде шанкер значи да се носи професионална одговорност за атмосферата во барот во улога што, како што веќе потенциравме, ги надминува границите на шанкот. Шанкерот или шанкерката го репрезентираат името и брендот на естаблишментот за кој што работат. Шанкерот ги режира и контролира сите активности што се однесуваат на кетеринг за муштериите, сервирање на пијалаците и контролирање на редот на порачките.
Дали сам или со помош на асистент, шанкерот е речиси секогаш во контакт со гостите кои ќе посакаат да бидат квалитетно услужени.

Еве неколку примери што значи ова:
Шанкерот мора без исклучок да има чувство за хумор, да биде непогрешлив во настапот, никогаш да не влегува во расправии со гостинот, да биде исклучително дискретен и да внимава на се што се случува во неговата работна атмосфера, на секој можен начин и во секој можен поглед, од проверка и контрола на тоа дали пепелниците се чисти, дали редовно се менуваат со нови, до тоа да биде подготвен да најде решение на некои непредвидени ситуации што може да се случат ненадејно.

Како шанкер, вие сте во директен контакт со цела публика и затоа морате да изгледате најрепрезентативно што можете. Исто така ќе имате работа и со храна, па оттука е неопходно почитување и следење на некои стандардни правила на хигиена. Еве дел од важните детали:

    коса, секогаш чиста и уредна;
    долгата коса мора секогаш да биде уредно собрана;
    чисти раце и добро средени и украсени нокти;
    измијте ги рацете по посета на тоалетот, ручек или конзумирање на цигари;
    не пушете цигари на работното место;
    не џвакајте гума за џвакање на работното место;
    избегнувајте премногу накит;
    парфеми и лосиони за после бричење не се препорачливи;
    одржувајте ги чашите измиени, чисти и без дамки;
    вашата униформа треба секогаш да биде беспрекорно чиста;

И ПРИМАРНО:

За добар менаџмент е неопходно шанкерот да го познава шанкот како својата дланка и да биде подготвен за се што може да се случи во барот. Следново треба да е дел од вашата рутина:

    добар шанкер доаѓа на работното место во точно определеното или договореното време. Не за да го задоволи шефот, туку за да се осигура и увери дека се е во најдобар ред, чисто и уредно и да се погрижи за оваа цел ако не е исполнета;
    проверка на магацините и залихите на пијалаци, овошје, украси, гарнири, мраз, чаши и се останато неопходно за работата да се одвива перфектно;
    шанкерот мора да се увери дека сите состојки и прибор се на своето место;
    шанкерот мора да се осигура дека има доволно чисти материјали - облека, крпи, сунѓери, кеси за ѓубре итн.;
    шанкерот мора да се осигура дека масите, столчињата и пепелниците се чисти и суви;
    шанкерот мора да провери дали влезот/приемниот дел и тоалетот се чисти. Да провери дали тоалетот е во уредна состојба, со доволно тоалетна хартија, сапун и хартија за раце.

МНОГУ ПРОСТО ПРАВИЛО: НЕ ПИЈТЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО- Така ќе бидете во состојба да се сконцентрите само на ПОНУДА НА ДОБРА УСЛУГА НА ГОСТИТЕ/МУШТЕРИИТЕ

Следно што мора да направите- морате да ги научите продуктите што им ги нудите на муштериите најдобро што можете. Читајте ги етикетите на шишињата. Користете ја секоја можност да научите се што можете за различни видови пијалаци, така ќе бидете подготвену да понудите алтернатива кога некој гостин ќе побара пијалак што не ви е познат со што ќе оставите добар впечаток и ќе покажете дека знаете што работите и зборувате.

Морате исто така да бидете многу добри во интерпретација на услугите. Доброто извршување на работните обврски е гаранција дека гостите ќе се вратат во вашиот локал. Ако им се допаднете и ако им се допадне начинот на кој ја вршите работата, тие повеќе од сигурно ќе го препорачаат вашиот бар на нивните пријатели и соработници.
Луѓето сакаат да одат на места на кои се сигурни дека ќе бидат добредојдени и добро згрижени. Ако сте дискретни, услужливи и внимателни, вашите муштерии ќе се чувствуваат комфорно и задоволно.

Читањето весници и магазини помага во проширување на вашите општи познавања со што можете да разговарате на која било тема со вашиот гостин. Уште нешто: познавањето странски јазик, на пример англиски, е фундаментално.

ОПШТО ЗНАЕЊЕ
Никогаш не треба да се трудите да го импресионирате муштеријата туку само да придонесете во разговорот со што ќе понудите подобра услуга. Повеќето сопственици на барови и ресторани генерално истакнуваат дека еден шанкерски професионалец треба да биде образован, брз и заинтересиран за работата и како додаток да има добра основа и искуство: да знае колку што може повеќе за продуктите што ги користи, за правните аспекти кои се предмет на негова размена, за правилата на естаблишментот за кој работи и секогаш да биде информиран.

АТМОСФЕРА
Како шанкери, можете да придонесете во создавањето на пријатна и добра атмосфера во вашиот бар. Гостите ќе го оценат расположението во првата минута откако ќе влезат во локалот. Нивната импресија може да биде позитивна или негативна и тоа зависно од многу фактори, на пример од тоа какво е осветлувањето, декорот, музиката, присутните гости, какви се келнерите и останатиот персонал и секако од состојбата на чистота и хигиена во барот. Кога во барот влегуваат гости, не смеете да не реагирате или пак да разговарате со вашите колеги. Морате во секое време да бидете подготвени за пречек на нови гости.

Добар шанкер, оттаму, е резултат и комбинација на квалитети и квалификации. Размислете добро за ова и искористете ја шансата да поразговарате на оваа тема со колегите на работа: 

    внесете гордост во вашата работа.
    бидете внимателни.
    сконцентрирајте се на работа во тим.
    бидете дискретни.
    изградете добро чувство на организација.
    бидете продавач/продавачка.
    знајте ги вашите лимити и обврски.
    развијте иницијатива и дух на лидерство.
    шармирајте ги муштериите.
    бидете услужливи.
    научете како да ги совладате незгодните ситуации.
    развијте лични вештини.

Не е лесно секогаш да се однесуваме во добар манир и услужно. Ова се случува најчесто кога барот е преполн. Но, морате да го дадете најдоброто од себе! Гостите секогаш ќе го паметат тоа.

Поздравете го секој гостин со ентузијазам. Ако сте презафатени, извинете им се на муштериите и објаснете дека ќе им бидете на располагање веднаш штом завршите со започнатите обврски.

ИНФОРМАЦИИ
Известете ги гостите во случај да има промена на правилата на работа во барот. Друга важна поента: бидете сигурни дека муштериите секогаш знаат ако е направена измена во цените за некој пијалак, секако за да избегнете можни непријатни изненадувања кога ќе дојде време да се плати сметката.
Ако сте во можност да одвоите дел од времето, претставете им се на гостите и дознајте ги нивните имиња. Со тоа тие ќе се почувствуваат специјално, главно ако ги паметите кога ќе се вратат втор пат.

БИДЕТЕ ГРИЖЛИВИ И КУЛТУРНИ- Внимавајте што се случува ако забележите загриженост кај некој гостин, но дискретно, не во шпионски манир. Набљудувајте како се однесуваат. Дали се чувствуваат пријатно и забавно? Дали очекуваат некого? Има три ситуации на кои муштериите приговараат:
•    ако се игнорирани;
•    ако не се услужени кога е нивниот ред и
•    на лош и некултурен персонал.

За крај, најважниот совет- НИКОГАШ НЕ ИМ ДАВАЈТЕ НА ГОСТИТЕ ПРИЧИНА ЗА ПОПЛАКИ!

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: