Почетна | Списание | НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ

НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО- МЕНИ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image неговото величество-мени

Во денешно време луѓето се повеќе посветуваат внимание на деталите и малите нешта кои ја сочинуваат целината.Кога станува збор за угостителството, во уредувањето и финиширањето на еден угостителски објект, хотел, ресторан, ноќен клуб, кафé бар итн, еден од најзначајните моменти во нив, е секако менито

Колку пати ви се случувало, особено кога сте на летување, зимување, семинар или било каков повод, надвор од татковината, да влезете во ресторан,ноќен бар или хотел кој го посетувате за првпат и да изгледате и се чувствувате збунето поради фактот што не знаете што тој објект нуди во однос на пијалок,храна и видови на услуги.Затоа, сигурно ќе се согласите дека фразата  Менито , ве молам е една од најупотребуваните, а со тоа и менито како момент е една од најзначајните карактеристики на самиот објект.

Во рестораните, мену е печатена или напишана брошура,која ни покажува една листа на опции или листа на производи кои можат да се нарачаат во самото место, за доручек, ручек, вечера или постојано.

Менито може да биде “ а ла царте” или “табле д’хоте”.  Инаку зборот МЕНУ, како и повеќето од терминологијата во самото кулинарство по потекло е француски,но доага од латинскиот збор МИНУТУС,што значи нешто мало,а во францускиот јазик е атрибуирано како резиме од било кој вид.Оригиналните менија кои на потрошувачите им нуделе некаков избор,биле изработувани на мали табли ,кои на француски се нарекуваат “царте”,така да храната која се нарачувала била опишана како “ а ла царте” или- според таблата. Инаку  рестораните немале свои менија туку се нарачувало според “табле д’хоте”,што значи дека се служеле јадења според изборот на шефот на кујната или сопственикот,кои биле приготвувани за тој ден,така што гостите јаделе само она што се служело за тој ден,нешто слично како денешните шведски маси на коктел приемите или банкет рецепциите.
Современото мени првпат се појавува во втората половина на 18 век.Овде, наместо да се јаде она што било сервирано на заедничката маса,им било дозволувано на гостите да изберат од листата на јадења, кои по претходна сугестија биле во најтесниот избор на самите гости. “Табле д’хоте’ начинот бил многу популарен, поради фактот што гостите плаќале одредена фиксирана сума на пари однапред и според таа цена им било формирано менито,за доручек,ручек, вечера, десерт и слично. Овој начин е доста популарен и денес,па така сеуште може да се забележи во доста  објекти како се рекламираат на пример Доручек за 150 денари,  Телешка чорба и мешана салатаза 180 денари или наједноставен пример имаме во фаст фуд рестораните од типот Сок, дупли хамбургер и помфрит за само 170 денари. Според сите статистики, ова е добар маркетинг и сеуште кај потрошувачите влијае одлично поради самиот факт што одделно за овие производи би потрошиле 20% повеќе.Кога сме кај “ а ла царте “ менито можеме да констатираме дека ова мени самото по себе бара поголем ангажман,како од самата пред-подготовка па се до самата продажба.Пред се тоа е еден ланец,зависен еден од друг,почнувајки од самото мени,преку продавачот,во случајот келнер,се до производителот или готвачот.Сигурно Ви се случило да одите во ресторан каде келнерот е слаб продавач,не го владее солидно менито,па во изборот сте препуштени сами на себе.Е тука настапува неговото величество МЕНИТО.Улогата на менито доаѓа до полн израз и само од видот и начинот на кој е тоа изработено,напишано или појаснето и од тоа зависи и вашиот избор.Значи доаѓаме до еден многу важен момент, а тоа е стручно кажано прозата или самиот текст на менито.
Како маркетиншка форма,текстот на менито е познат и како надувана реклама.Тие многу често знаат да го нагласат процесот употребен за подготовка  на храната,односно производот (слабо печен,многу печен,варен итн. или кај пијалоците схакен,фрозен,стирред,буилд уп итн.), се става акцент на егзотичните состојки кои се употребени , (сок од манго,прелив од јагоди и сл.), се додаваат зборови или изрази на Француски или друг странски јазик,со што производите звучат софистицирано и егзотично.Делови од текстот на менито имаат функција да го импресионираат гостинот со тоа што се става акцент на самиот начин на подготовка на истите, на опремата или алатот употребен за тоа, на специфичните зачини,сирупи,вкусови и слично, а се со една цел дека сето тоа поради овие специфичности не можете да го подготвите дома.Ова е исто така еден многу важен сегмент од менито кој има за цел да  ве натера повторно да се вратите на истото место.Колкава е улогата на едно добро подготвено и изработено мени,во самата успешност на објектот,пресудете сами. Посетете објект кој има добро подготвено мени  и објект со лошо подготвено мени или без мени.Споредбата направете ја сами и пресудете каде сте се чувствувале подобро и поинформирано.
Секако и менито кое е изработено треба да биде по своите стандарди. Едно мени за ресторан треба своите производи да ги истакнува по одреден редослед, значи треба да бидат по ред:  супи,салати, ладни предјадења, топли предјадења итн..истото важи и за барот кој треба да  има редослед на своите производи како што следува: кафиња,сокови,пива, жестоки пијалоци,коктели итн.  Овде секако треба да се внимава и на редот на коктелите кои се нудат,прво аперитиви,па егзотични, дигестиви итн.Кај винските карти или винско мени,се прави класификација на вината по боја бело,розе,црвено и поделба во однос на припадноста на вина од стар свет и вина од нов свет.
Менито има огромно значење во успешноста на функционирањето на еден објект, но секако факторот човек и неговото познавање на самото мени уште поголемо.Затоа е многу значајно да тоа мени пред самата употреба биде увежбано,проучено,сите производи претходно направени и испробани,за да се комплетира целата замисла на самото мени.
 Сопственици- не штедете средства во прогресот на вработените и постојано вложувајте во нивната едукација,вработени-  искористете го тоа што ви е на дофат и едуцирајте се секојдневно.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (6 Пратено):

Igor Jankulovski на 19 February, 2009 10:11:39
avatar
Konecno nesto poedukativno,vo smisol na osnovnite raboti.Mnogu sum zadovolen od statijata i mozam da kazam deka poleka preku vakvi i slicni statii bi mozele i nie pocetnicite vo ugostitelstvoto da se educirame za osnovnite raboti.Vi blagodaram
Boban Jancevski на 20 February, 2009 01:32:11
avatar
E pa sega valjda ke razberat i konobarive po kafanive sto znaci toa a la carte.Pred pet dena se dogovarav vo eden lokal za menito i prasuvav dali sluzat se a la carte,a konobarot bledo me pogledna i rece cekaj da prasam.Uzas.Bravo za toj sto go napisal ova.
Josip Neskovski на 13 April, 2009 11:45:44
avatar
Golema pomos i informacii se dobivaat od vakvi napisi.Dosta mi pomogna pri izrabotka na moeto meni.
tanja pavlovska на 23 April, 2009 09:36:38
avatar
Navistina mislam sama da probam da izrabotam meni za mojata letna bavca posle tolku iscrpni informacii okolu toa,zasto ne mi treba nesto specijalno.Blagodaram mnogu.
Toni Avramovski на 20 July, 2009 12:44:57
avatar
Ova e top napis.Steta sto nie sto doagame od dijasporata ne mozeme poadekvatno da gi dobivame vasite napisi.
RegentClub на 07 October, 2009 12:36:04
avatar
KOMPLIMENTI

dosta poucno i edeukativno posebno za gostite vo restoranite ili sl..
sto iskreno mislim deka poprilicno im fali na gostite......
Samo napred :)))))


RegentClub

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: