Почетна | Списание | How not to live

How not to live

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Жени Мајки Кралици

Ина Многу Фина 

 

Пролет, цвеќе, сонце, маси надвор, све е супер, ем пушам ем гледам непушачи. Единствено што е исто е што пола кафичи низ градот не знам како изгледаат од внатре. Луѓето во пролет повеќе излагаат, повеќе се дружат. Излагаат чопоративно, спојуваат маси како да побегнале групно од математика, се поздравуваат со сите маси, мафтаат по келнери кои исто како и во зима има двајца на смена... Жените се разголуваат и почнуваат гордо да шетаат по град, во нивните нови штиклички...Од одма да расчистиме за штиклите- ве молам потковајте си ги кога ќе ми шетате по Дебар маало, не треба да се слуша шајката. И не! Ве молам не носете штикли на пладневно саботно кафе освен ако не сте на свадба. 

Женските друштва се обично составени од две-три сингл девојки Кери Бредшо уана би, една тазе раскината, две во врска и две мажени. Се дружат парцијално, но најчесто сите на број се собираат кога треба да се оди во кафана или да прават излаганка. Еднаш во 6 месеци, пошто тие мажените имаат обврски, пошто другиве немаат обврски нели. Кога ќе се соберат секоја си става до себе уште едно столче за егото. Мажената и се праи супериорна на оваа синглот, синглот им се докажува на зафатениве дека се уште ја сакаат ама она пребира, овие у врска си викаат леле среќа дечко шо имам, а тазе раскинатата ги мрази сите по ред. Хит собиранки се петок афтер уорк парти. Значи таму ќе видите и туго и несречо комбинации на жени, гардероба и најстрашно понашање. Тука обично колешките од работа стануваат градски фраероќи, истураат пресмешни финти и флертаат со надмудрување. Пијат до крај, сметката ја плаќаат или машките или се дели. Другиот ден се оди на саботно кафе каде се прераскажува животот и делото на сите што ги сретнале прошлата недела и секако се спомнува некој бивш симпатија и неговите активности на фејсбук.

Вечерните излагања се приказна за себе. Монтировка левел вечер е денот! Се редат на коњопој и посебно внимаваат кои други жени се во кафаната. Ако има уште едно друштво жени се констатира дека се сељанки и се чека вечерта да почне. Се пие што се пие додека не дојде келнерот да праша што ќе се напиете од друштвото онаму. Тогаш се нарачува виски, мартини со цевка или коктел. Какви и да се, они се претвараат во многу софистицирани, остварени и препаметни жени цепки за у друштво, воспитани и добри прилики. За што и да е.

Најстрашните женски друштва се собираат во кафана. Тие нарачуваат храна, вино и забавата може да почне. Облечени се како да ги избркале од Пинк Телевизија, ги знаат сите турбо фолк песни, ама они не слушаат таква музика. Еве не знам од кај ги знаат. Една од песните е прејака и се пее до омилениот стих кој се потенцира со показалецот. После третото вино или ќе се фатат за микрофон или ќе фатат муабет за некој маж кој не ги заслужува, он губи што не ги сака и автоматски е бесчуствителен и недозреан. Гад гадосан. После четвртото вино му пуштаат пораки. Се вртат его муабети колку се они прејаки на работа, препожелни за мажите и за тие на соседната маса. Се станува и се игра околу сепаренцето. Исто како на свадба ама сите се главни. Една од нив знае и да меша, а најдебелата има најдлабоко деколте. Така потпијанети остваруваат познанства од флертачки карактер и размена на броеви. Фрчат вина и симпатии, атмосфера Лукас. Се сликаат за на Фејсбук пошо ако не се тагнеш не си ни бил. Со рацете горе и напрчена уста. Сите да видат што пропушта Пинк Телевизија. А и оној гадот да види дека она супер си проаѓа, да пукне. Меѓу себе се обраќаат со Срц и Маци. Топ сте, кис4е. 

Супер е тоа што секој се забавува како што му одговара, ама нели има граници. Жената навистина треба да е елегантна и префинета но понекогаш некои жени се толку елегантни што си викам од кој пазар ја купуваат елегантноќава. И тоа фраерско понашање левел камионот ми е паркиран од карши исто не е многу привлечно, добро? Баш не морате да пиете толку многу и да се качувате по шанкови пошто тоа само вас, повторувам, само вас ви е интересно. И не не сте откачени, смешни сте. Во името на женскиот род ве молиме понашајте се како жени. Бидете љубезни со персоналот и оставете бакшиш. И ако некој друг ве части, бидете достоинствени па вие оставете го бакшишот. Одличен гест е, а и големи се шансите да оставите добар впечаток како што доликува на една дама. ФМП.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (2 Пратено):

Igor Pachemski на 06 June, 2013 02:10:34
avatar
Bravo! Kako tvoj kolega od Barcode i kako ljubitel na pishaniot zbor voshiten sum deka tekstovi od tip na lucidna, socijalna observacija pochnuvaat da se chitaat i razbiraat. Megju drugoto, tekstovite frchat megju najgradskite devojki na facebook. Mozhebi ti si Makedosnkata Carrie Bradshaw? Cliche ili ne, dobro ti stoi. Aj kje te nosi batko na vino u Skopje letoska.

P.S: Kamionot mi e parkiran od karshija
Igor Pachemski на 06 June, 2013 02:19:43
avatar
Bravo! Kako tvoj kolega od Barcode i kako ljubitel na pishaniot zbor voshiten sum deka tekstovi od tip na lucidna, socijalna observacija pochnuvaat da se chitaat i razbiraat. Megju drugoto, tekstovite frchat megju najgradskite devojki na facebook. Mozhebi ti si Makedosnkata Carrie Bradshaw? Cliche ili ne, dobro ti stoi. Aj kje te nosi batko na vino u Skopje letoska.

P.S: Kamionot mi e parkiran od karshija

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: