Barcode Br.24

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Иако звучи луцидно и непрактично-сепак ќе кажам: ова е издание на Бар Код какво одамна посакувам.Зошто луцидно и непрактично?

Затоа што има многу малку практични совети и анализи, воопшто нема критика на нашата реалност, нема кукумјавки за нашите проблеми. Кога секој број би бил ваков, тоа ќе значи дека сме ги надминале нашите детски болести во угостителството, сопствениците на баровите и рестораните престанале да се жалат и да се оговараат меѓу себе. Во таквиот посакуван момент ќе имаме желба и време да ги истражуваме финесите во угостителското работење и да се едуцираме за останатите аспекти на истото.

Ќе се свртиме кон историјата, уметноста и езотеријата на сите состојки на угостителството и ќе го пуштиме нашиот креативен дух да не доведе до повисоки нивоа.За барем малку да почувствуваме како тоа би изгледало, во овој број имаме приказни за се она што го третираме и до сега, но од поинаков агол.

Зачините не ги гледаме како купче сушени ливчиња за супа, ами како состојки кои го зачинуваат нашиот живот. Ги забораваме пивото и фудбалот и уживаме во приказните за пивските богови. Дури фрламе ракавица на целата историја и велиме: можеби Исус и не пиел вино туку тоа било пиво! Вегетаријанците не ги гледаме како забегани чудаци на нашето време, ами како легитмна категорија на популацијата која заслужува да има и свои ресторани.

Кафето го уживаме и пиејќи го, но и читајќи го и слушајќи го во музиката. Сите сетила ги активираме и летаме од континент до континент со најмагичните специјалитето кои секоја земја со векови ги усовршувала за да можеме да уживаме во сите нив заедно. 

Попат дознаваме дека категоризацијата на хотелите е толку разновидна што воопшто не е чудно што постојано се збунуваме споредувајќи различни хотели со ист број ѕвезди. Замислуваме дека ги носиме најпопуларните чанти и најблескавата насмевка на овој свет.

Со нетрпение го очекуваме наредното првенство на бармени на Македонија и им честитаме на дечките за нивната упорност и ентузијазам. Има ли поубав начин да се дочека пролетта со сета своја енергија и убавина (да не зборуваме за можноста да си запалите цигара со кафето седејќи на маса) и воопшто, ама воопшто да не помислувате на избори?

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: