Barcode Br.28

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Неодамна на мојот фејсбук профил позајмив и постирав прекрасна мисла која, преведена на македонски, одеше отприлика вака: “Живеам за ноќите на кои нема да се сеќавам, со пријателите кои нема да ги заборавам!”

Се ближи периодот на празници и прослави, и како и секоја година, се прашувам- во што е поентата? Неколку години наназад, во декемвриските уводници, Бар Код се декларира како медиум кој бунтовнички, да не кажам, дури тинејџерски се дистанцира од кичерајското и профрома прославување на Новата година на овие простори. Минатогодишниот совет, да ве потсетам, беше- направете го секој ден, секое излегување да ви биде Нова Година, не чекајте го 31 Декември и славете ја Нова година преку преку целата година! Ако се вратиме на погоре споменатата мисла, веројатно таа е и суштината на моментите кои во иднина ќе ни бидат „сите наши Нови години”.

Ако тоа го поврземе со она што е наша цел и ориентација, а тоа е подигање на стандардите на угостителството и излегувањето кај нас, можеме да  ја прошириме мислата уште понатаму. Да им ги отвориме вратите на креацијата и имагинацијата на нашите угостители да бидат и тие дел од тие моменти. Нека не се фокусираат само на ордеверите на масите поставени секогаш на истиот начин во придружба на истиот бенд и истите ноти во позадината.

Нека ги аранжираат масите поинаку и иновативно. Нека им дадат мал подарок на гостите на излегување. Нека им го подготват омиленото јадење кое мајка им го подготвува дома за Нова Година, а кое не е на менито. Нека го постават седењето така што гостите, и оние кои не се познаваат ќе имаат контакт и ќе се дружат. Нека, без срам и јасно, објават дека во тоа место сите се пријатели, започнувајќи со тоа што тие самите ќе бидат пријатели со сите свои гости.

Нека ги наредат сликите со своите гости од најубавите вечери околу шанкот. Да редам понатаму? Нека му подготват на својот најредовен гостин коктел со неговото име. Нека ги знаат своите гости по име. Нека им помогнат на двајцата кои се гледаат преку шанк а немаат храброст да си пријдат да се запознаат. Нека им повикаат такси со совет да си го остават автомобилот на оние за кои ќе оценат дека не се во состојба сами да се вратат дома...

Листата може да биде бескрајна. И не чини скоро ништо. А вреди бесценето. Повеќе од инвестицијата во скап ентериер и голема светлечка реклама со името на барот или ресторанот пред вратата. А како се враќа? На најпосакуваниот можен начин...па дури и ако сакате да го мерите во пари.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: