Barcode Br.29

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Предвидувачите најавија дека 2012година ќе биде тешка за сите, а особено за угостителите. Се сложувам со оваа констатација, но не дозволувам да ме депримира.

Сакам да пронајдам нешто добро во сето тоа. Ако кај Кинезите зборот за криза и за можност е еден ист збор, верувам дека и од оваа најавена криза може да излезе нешто добро. Можеби на пазарот ќе останат само квалитетните, можеби потрошувачите ќе почнат повеќе да ги ценат своите пари, па ќе бараат поголем квалитет за истите и со тоа ќе го подигнат нивото на услугата, кој знае... Најлошото што може да ни се случи е да западнеме во колективна психологија дека е се лошо и да го започнеме тркалото на движење од лошо кон полошо.

А склони сме кон тоа, не велам не. Знаеме да бидеме задоволни со малку, да ни проаѓа се, и при тоа, што е најстрашно да си го губиме достоинството. Немам намера да осудувам, но за жал почетоците на ваквата масовна куку - леле и дај - што - даваш психологија почнав да ги забележувам околу мене. Па дајте ќе ве молам, ако веќе сте отишле во ноќен клуб, не нарачувајте узо на шанк, ако веќе сте излегле еднаш во месец дена, барем дотерајте се како што треба, ако сте се орасположиле после две три чашки, не му виснувајте на ди џејот и не го замарајте да ви ја пушти, ама баш вашата песна која патем речено, ниту одговара на атмосферата, ниту некој освен вас, ја знае во локалот...и така натаму...

Ова е и најмалку од она што го забележувам, но не сакам да продолжам со лоши примери. Што сакам да кажам... Кризи постојат и ќе постојат. Прашањето е кој како се справува со тоа. Достоинството и големината на луѓето се потенцира, а и се зголемува токму во тие моменти. Не си дозволувајте потешките моменти да избришат се што до сега е постигнато како ниво во нашето угостителство и начин на социјално живеење. Не, не, не сум размазена - на луѓето да им нудам да јадат колачи ако немаат леб (читај - да нарачуваат шампањско ако немаат ниту за пиво), само сакам да ви укажам на фактот дека постојат многу паметни, духовити и достоинствени начини луѓето да ги поминат тешките моменти. Во линија на ова размислување ви соопштувам дека Бар Код никогаш нема да се приклучи кон гореспоменатите расположенија и никогаш нема да ве оправда, ниту како угостители, ниту како гости ако барате оправдание за било што, што е под стандардите и нивоата за кои се бориме, еве веќе пет години. Кај нас ќе може да најдете само ентузијазам, оптимизам и мноштво на убави идеи кои ќе ви го разубават животот. Се надевам дека се разбравме!

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: