Barcode Br.32

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

“Године пролазе нервозним кораком, године пролазе ми стојимо, Јесмо ли сретнији јесмо паметнији?” . . . Вака одеше една симпатична песничка од Бајага на времето,

а мене ме потсети на петте години кои поминаа од појавувањето на првиот број на Бар Код, точно на 07.07.07, датум намерно одбран со сите седмици за да ни донесе среќа. И се запрашав дали навистина сме попаметни бидејќи староста ионака за мене одамна е ментална, а не временска категорија, и дали седмиците навистина ни донесоа среќа, која патем, за мене исто така е ментална категорија. Во превод, ова прашање значи- дали угостителството во Македонија навистина виде фајде од магазинот кој пет години, а се надевам и уште многу по толку, ќе се труди да го потпира и развива овој интересен и контроверзен сегмент од нашето живеење?

Да не бидам нескромна, но јас навистина сметам дека работите мрднаа. Инспирирана од легендарната реченица/ група  на ФБ : Уште на бојлер не сте се качиле да се сликате , ми се наметнува мислата дека во Бар Код уште за типот на сапуните во тоалетите не сме пишувале. На  некои теми сме се навраќале повеќе пати, но барем по еднаш сме пишувале речиси за се: ентериери, менија, услуга, обезбедување, чистота, обезбедување, финансиски, правни и социјални аспекти, коктели, дрес код, фенг шуи, хороскопи на кафе барови, осветлување, озвучување, трендови, архитектура, паркинзи, франшизи, менаџмент, маркетинг, бармени, келнери, награди, вина, салати, програмски вечери, цеци и полументи, нови години и матурски- “јуст наме ит ње хад ит”! Кој читал- добро. Кој не читал- ќе прочита следниот пат. Друго ми беше поентата. 

Ништо не се менува преку ноќ и затоа немам амбиција да ги мерам резултатите според бројот на барови кои од појавувањето на Бар Код до сега воведоа коктели во своите менија, или да проверам дали после некој текст, авторитетите во градското собрание почнаа да го толкуваат поинаку законот за терасите. Се уште е рано за тоа. Но затоа, со полно срце можам да ви кажам каде Бар Код ја направи најголемата промена, а при тоа и да нагласам дека тоа е најважно. Знаете дека како и за секоја друга работа, така и во оваа сфера, најважни се луѓето. Од нив потекнува се.

Тие ги менуваат законите, тие го воведуваат квалитетот, тие ја шират позитивната енергија... тие се дружат, тие се угостителството! Во текот на овие пет години Бар Код успеа да ги обедини и задржи сите ентузијасти на ова тло, кои имаат барем некаква врска со угостителството. Полека, чекор по чекор, година по година, од еден муабет на друг, од еден даден телефон,  до пет добиени телефонски броеви за да се провери некоја информација... Промената се случи!  Замислете, во Македонија (а и пошироко) се оформи корпус на луѓе кои ги разбираат нештата, имаат воља и енергија да го понесат угостителството на свои плеќи! Ако ме прашате мене Бар Код го заврши првиот и најважниот дел од својата мисија- ги собра сите учесници во угостителството во Македонија во еден мал космос кој сега е посилен од порано. Работите си врват побрзо, маките се поднесуваат полесно.

Затоа, ако се навратам на прашањето од погоре, одговорот е да! Попаметни сме и посреќни. Им благодарам на сите фантастични луѓе кои во изминативе пет години, а и понатаму даваат свој придонес кон мојата идеја, и оние кои пишуваат, и оние кои печатат, и оние кои огласуваат, и оние кои читаат, и оние кои само мислат на нас! Ана, Роза, Даре, Буцо, Анџела, Матео, Радмила, Филип, Вангел, Аријана, Андреј, Анета, Игор, Мац, Милена, Синиша, Николина, Цаци, Дарко, Горан, Мира, Кети, Вучко, Андреј, Ана, Цаци, Алек, Нина, Ирена, Бучко, Хусни, Нино, Коста, Агим, Оки, Нина, Љупчо, Гипи, Небојша, Раде, Ана, Бојан, Алтин, Сашка, Радош, Гоги, Даниел, Златко, Горан, Петар, Ѓоре, Ристе, Жарко, Владе, Денис, Ѓорѓи, Дени... ВЕ САКАМ СИТЕ! Ама од срце!!!

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: