Barcode Br.33

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Започна периодот на убави настани. Отварања, фестивали,нови иницијативи. Во овој број обележуваме неколкупред се, отворањето на првата академија за кафе во Македонија, Вигор купот за бармени, роденденот на господинот Џек Даниелс,

најновите награди за вината на Тиквеш, отворањето на Сити Мол... За жал поради периодичноста на Бар Код, дури во следниот број ќе пишуваме за првиот фестивал на кафе, Виноскоп и се останато што ќе се случи во меѓувреме. Во овој број ќе најдете шареноликост на теми кои ќе ве направат да се чувствувате убаво. Нашите соработници, особено во овој број, длабоко анализираа како обичните нешта можат да станат поубави и поинтересни.

Како на пример да се распределат машко- женските односи во кујната, како да имаме подобра презентација на нашиот ноќен живот на интернет, како на нашите деца да им објасниме дека алкохолот е добар но само во умерени количини, како да купуваме убава гардероба, а да не ја преплатиме, како да разликуваме бренди од коњак .... што би можела да додадам на ова? Многу малку, освен некои мои впечатоци за периодот од минатиот до овој број.

Како на пример, тоа дека од секогаш сум сакала кафе барови и клубови каде што персоналот е расположен и позитивен, каде што пијалакот ти го даваат со играње и со по некоја шега, а летово тоа и ми се случи на неколку места во старата скопска чаршија. Одлично искуство. Или дека на пример, мајка ми ме замисли со прашањето - а зошто во Скопје како и во сите големи светки метрополи нема убави слаткарници? Па нели се и тие дел од  угостителството? Зошто кај нас нема голема слаткарница со сите видови колачи и напитоци послужени во бел порцелан, во тишина без музика, меѓу ѕидови на кои се нацртани ангелчиња и цвеќиња? ... Се надевам дека нашите верни читатели- угостителите ќе знаат да ми одговорат на овие прашања веќе во следниот број, а дотогаш, сигурна сум дека ќе смислам уште две три нови прашања.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: