Barcode Br.34

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Ако мене ме прашате, во овој број на Бар Код, моите соработници се надминаа себе си. Енергија и содржини кои ретко се појавуваат на едно место во толкава концентрација. Во овој број ќе најдете искрени и темелни осврти на темите кои се актуелни деновиве.

Некои од нив се толку искрени, што имав јавувања од соработниците, пред да ги испратат текстовите, со прашања од типот “Ама можам баш се што сакам да
напишам? Тебе нема некој да се налути? Нема да ти пречи?...” Се разбира дека со радост одговорив дека нема да ми пречи. Бидејќи, според мене, најдобар текст е оној кој е искрен и поткрепен со знаење за
темата. Така креативноста и енергијата на текстот доаѓаат до израз. И се надевам, никој нема право да се лути.

Освен стандардните, главни теми на овој  број се боемството и, неодминливо-Новата година.Како и секоја година, нашите размислувања за тој календарски “кврц” се “обратни” од оние на сите други медиуми. Не, не... Не сакаме по секоја цена да бидеме различни од другите, па на крајот да испаднеме смешни.

Само сме реални и објективни. На почетокот можеби делуваме иронично и арогантно, но на крајот ги покажуваме нашиот оптимизам и позитивност. Такви сме ние од ова поднебје - мрчатори, но со добри намери. Затоа ќе се цитирам по трет пат во декемврискиот број на Бар Код, затоа што искрено верувам во таа мисла- направете го секој ден, секое излегување да ви биде Нова Година, не чекајте го 31 Декември и славете ја Нова година преку преку целата година! Листата на активности, за да го постигнете ова може да биде бескрајна. И не чини скоро ништо. А вреди бесценето.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: