Barcode Br.35

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

И тоа се случи! Овој број е обележан со величање и воспевање на Келнерите... И шанкерите... Или што би рекла нашата соработничка Ина во својот текст - ја реанимираме мислата дека “човек на човек му е келнер”

и дека колку и да сме понекогаш незадоволни од нивната работа, сепак мора да се запрашаме - а што ако и тие не се задоволни од нас гостите? Бидејќи не постои еднонасочна комуникација. Секогаш колку даваш - толку и добиваш. Тоа се принципи на универзумот, не ги измисливме ние кои ги посетуваме баровите и рестораните. Признаваме, многу ги критикувавме во минатото, но ние критикуваме се вклучително и себе си. Не затоа што сме критизери, туку затоа што сакаме, со позитивна критика да ги помрднеме нештата на подобро.

Затоа, како за промена, во овој број повеќе ги критикуваме гостите отколку персоналот во угостителските објекти. Затоа што често пати, причина за лошиот впечаток за келнерот всушност го прави гостинот. Ова од различен агол гледано, го напишаа речиси половината од нашите соработници во овој број - Ина, Емили, Бујар, Синиша, Анета, Филип....

Останатите теми и стандардни рубрики, во овој број, ни ги откриваат убавите аспекти на нашето живеење - бавната храна, храната која орасположува, тајните за убавиот изглед, фините пијалци и забавата. Во период кој важи за најдепресивен во годината се обидовме да го одржиме ритамот на доброто расположение со потенцирање на убавите страни на животот. Ве оставам сами да процените дали сме успеале, а за тоа да го дознаеме, ве охрабрувам да ни пишувате повеќе, да ви се допаѓаме на фејсбук

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: