Barcode Br.36

Ние што сме од овие простори ја сакаме пролетта. Ја обожуваме. Од страна гледано, како да води-ме двоен живот. Едниот во зима, а другиот кога е потопло. Како да сме подвоени личности, јас сепак би рекла - метеопати, или можеби само осетливи на надворешните фактори.
Ако не прашате нас, кои се занимаваме со темите на угостителството, ќе ви кажеме дека тоа се должи на отворањето на летните тераси, на летната облека по улиците и на поголемата должина на денот. Некои од моите соработници, во овој број, преку своите текстови, веселоста, да не кажам сеирот, ја пронајдоа во свадбите, годишнините од матурските и верските празници.
Сите причини се легитимни, а згора на тоа и фактот што двајца од нашите соработници добија принова (честитки до Анета и до Филип од целиот тим), не прави да се чувствуваме уште порадосни. Во целата таа радост, за да не излезе дека сме само опуштени и несериозни, решивме во овој број да се навратиме на основите.
На оние теми со кои започнавме на почетокот... чисто да се потсетиме. Се занимававме со основниот прибор за јадење, со основите на винската култура, интервјуата пред да се вработите во угостителството, здравата но и помрсничка хра-на, статусните симболи без кои не се може, историјата на пивото и со најосновната катего-рија на алкохолни пијалоци - вискито.
Чисто онака, да си повториме, за да ја здржиме кредибилнос-та на луѓе кои го разбираат угостителството. Во меѓувреме, додека да почнеме да се жалиме на високите температури, ќе уживаме во сонцето, цвеќињата и долгиот ден, чекајќи го мирисот на липите во Скопје, кога отприлика, ќе излезе и следниот број на Бар Код.





Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот