Barcode Br.38

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Шест години јубилеј на медиум во Македонија е како шеесет годишен јубилеј во останатиот свет.

Затоа и толку многу му се радуваме. И се гордееме. Повеќе со вас отколку со нас. Затоа што ние од самиот почеток имавме јасна и едноставна цел. Главниот тест бевте вие читателите кои ни потврдивте дека идејата ни била оправдана и корисна и кои и после шест годи-ни сеуште не читате, испраќате коментари и размислувате за она што го пишуваме. Затоа ви БЛАГОДАРИМЕ. Така едностав-но и без многу филозофија - ви благодариме и ве САКАМЕ. Ни го разубавувате летото.

А летата се горе - долу секогаш исти. Ние не сме истите како одминува времето. Ова сакам да им го порачам на оние кои честопати знаат да повторат дека, нели, „ништо повеќе не е како порано”… Како земја во која метеопатењето е издигнато на ниво на религија и основна одредница, индикатор дали некоја работа ќе се заврши или не, разбирливо е дека лето-то ги дели нашите сограѓани на две едноставни и прецизно одредени категории - оние кои уживаат во него и оние кои трпеливо чекаат да дојде октомври.

Ова лето им ги помати еса-пите на оние првите. Тие само што ги изнесоа летните модни додатоци од своите плакари, свежиот тен од солариумот и доброто расположение, подготвени за летните излегувања, инспекциите почнаа да ги затвораат угостителските објекти.

Вистина, некои од нив брзо ги отворија, но остана горчливиот вкус од лошиот почеток на сезоната. Угостителите останаа по-парени. Уредно почнаа да затвораат дури и пред еден часот и да внимаваат на секој детал од своето работење, за да не им се повтори истото. Потоа настапи консензусот околу типот на музика по дискотеките. Мелем за мојата и душите на моите соработници, бидејќи нели, шест години го баравме тоа, но тежок удар за поголемиот дел од посетителите на ноќните клубови и дискотеките во Скопје.

Иако неволно го кажуваме ова, сепак имаме разбирање, бидејќи нели, не осудуваме ни-кого се додека не почне многу да ни пречи, и секој има леги-тимно право да се забавува на начинот на кој тоа го прави среќен. Дополнителни стресови во угостителството кај нас, освен гореспоменативе немавме, барем до затворањето на овој број. По се изгледа навистина летата се горе - долу се-когаш исти. Ние не сме истите како одминува времето.

Дел од објектите се затворија, се појавија неколку нови. Мене по-себно ме израдува фактот што на сцена се вратија старите скопски угостителски волци со нови објекти. Кои би очеку-вал. Ееееј, како пред дваесет години: „Ќе одиме вечер кај Зоки... Томе... Шоте... Берто... Фуфо... Мио... ? Уште повеќе од ова, ме израдува отврарањето на првиот концептуален бар во Скопје... И музиката која можам да ја слушам во клу-бовите... Ви пожелувам и вие да си најдете нешта кои ќе ве радуваат летово, за да може и од ова лето да понесете споме-ни кои ќе ви го греат срцето во наредните неколку години... До некој следен јубилеј .

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: