Barcode 39

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Во времето на потреба од разни алтернативни терапии порадисе поголемиот број на модерни “болести”, се прашував каде Бар Код може да си го најде своето место помеѓу сите тие ароматерапии, музикотерапии, физикални, ајурведални и какви се не останати терапии

. Првата логична помисла се разбира дека беше поврзана со основната функција на БарКод, ние нудиме библиотерапија! Бидејќи тој се чита, ние се трудиме преку убавите и логични зборови да ве направиме да се чувствувате подобро. Поради ова во последно време,се повеќе се трудиме дури и критиките кои ги упатуваме на угостителството, да ги обоиме со хумористичен и по малку луциден тон, да не бидат онака, тешки и тмурни, да не ве направат да се чувствувате фрустрирано. Затоа ги имаме рубриките како “How not to live”, “Man’s style” и слични. Но имаме и посериозни рубрики во кои навистина се трудиме да ги подигнеме стандардите на угостителството во Македонија и кои, било каков хумор би ги направил, во најмала рака, не-сериозни. А ние сакаме да помогнеме уште повеќе. Затоа се сетив дека ние всушност работиме на унапредување на нешто што би се нарекло “угоститело-терапија”, “или кафа- на-терапија”. И вистина, тоа од секогаш и било така. Кога сме уморни, нервозни или ни е преку глава од се, особено на овие простори, се знае- се излегува во бар, ресторан или кафеана. Сосема легитимен начин за подобрување на опш-тата благосотојба и подигнување на нивото на расположе-ние. Што е нели, и основната цел на секоја терапија. Така, заклучувајќи го ова, се потсмирив малку, бидејќи се уверив дека освен што чиниме добро дело, успеваме да бидеме и модерни и да промовираме “терапија за општо добро”.

Иако овој број излегува на 1 Октомври, во него се уште има рефлексии од изминатото лето, да ви го продолжи уште малку убавото чувство на релаксираност и безгрижност. Се уште ги споменуваме терасите, одморите и лежерноста на убавите нешта, кои по правило, повеќе се случуваат во лето отколку во зима. Се споменуваат и зимниците како најава на периодот што следи. И се разбира сите останати ”серио-зни” рубрики кои ќе ви донесат нови информации и вести за најновите трендови и настани. Затоа, со сите овие текстови кои ги носи овој број на Бар Код, згответе си и послужете си самите на себе “сопствена ментална зимница” во вашата глава и така дочекајте го подготвени облачниот период кој следува. Дозволете си фините нешта како што се убавата храна, новите коктели, содржајните дневни и вечерни изле-гувања, но и квалитетно поминатото слободно време да ви биде вашата лична терапија која ќе ве направи среќни, сми-рени и инспиративни во текот на целата зима. За секоја ваша идеја која придонесува кон ваквиот начин на размислување, пишете ни на нашата фејсбук страна или коментирајте на веб страната на Бар Код. Со задоволство ќе ја прошириме и ќе ја промовираме понатаму. Во вид на позитивна терапија.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: